Реклама
Наши ѕвезди

Оваа млада дама е најмалата ќерка на Наум Петрески – многумина велат дека многу личи на својот татко

Гордиот татко овој викенд нема никогаш да го заборави

Реклама

Шармантната Македонка Петреска е најмладата ќерка на познатиот македонски фолк-пејач Наум Петрески (56).

Наум Петрески овој викенд имаше посебна причина за радување. Една од неговите ќерки, Сања Петреска, го кажа своето судбоносно „ДА“ и се омажи за својот избраник Александар Антевски.

Тие направија свадба во еден познат ресторан во Скопје, а видеото на кое се гледа како гордиот татко ја носи својата сакана ќерка и му ја предава на зетот се уште се врти на социјалните мрежи.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска

Инаку, ова видео го објави најмалата ќерка на Наум, Македонка, која што пејачот ја доби од бракот со познатата пејачка Зуица Лазова.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска

Пејачот од овој брак го има и синот Стефан, додека од бракот со претходната сопруга ги има ќерките Анастасија и Сања.

Фото: Инстаграм/ Анастасија Петреска

Анастасија е најстарата ќерка на Наум, која тргна по неговите стапки, но откако се омажи и оформи семејство, таа реши да ја стави музичката кариера на пауза и им се посвети на своите деца и семејството.

Таа се омажи со пејачот на „Биоритам“, Владимир Поповски, со кого Наум пееше заедно на свадбата на неговата втора ќерка, Сања.

Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска

Што се однесува до неговата трета ќерка, Македонка (20), таа студира соло пеење на музичката академија во Скопје.

Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска

Од нејзиниот профил на социјалните мрежи можеме да видиме дека многу ги сака патувањата, но и дека личи на својот татко.

Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска

Нивната сличност ја забележуваат многумина, а и нејзината мајка, Зуица во една пригода, запрашана на кого личат нивните деца, ќе изјави:

„Малку ни се поделени. Македонка повеќе наликува на Наум, но милувам да кажам дека Стефан повеќе личи на мене. Јас сум убедена во тоа“, изјави тогаш популарната пејачка.

Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска

Како се веселеше Наум на свадбата на својата ќерка Сања, погледнете во продолжение или прочитајте за ова тука

Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска

Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска

Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска

Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска

Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска

Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска

Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска

Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска

Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска

Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска

Фото: Инстаграм/ Македонка Петреска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button