Оваа Македонка се пофали дека неделно троши минимум 5000 евра на БРЕНДИРАНА облека, а во животот ништо не работи!
„Момчето плаќа, нема потреба да работам!“
Најпознатата Македонка во Австралија, Маргарита Томовска (29), попозната како Мерцедес Мама, ги збуни своите пријатели на социјалните мрежи кога откри дека не е вработена и дека не заработува. За неа пишуваше и британскиот „The Sun“, а во центарот на вниманието се најде откако полицијата ја бркаше за брзо возење и тоа со нејзината тригодишна ќерка на задното седиште.
https://www.instagram.com/p/CCnNS9vDAj_/
https://www.instagram.com/p/CCLNVpzjYi1/
https://www.instagram.com/p/B9lC_4jAxDk/
Но она што најмногу ги збуни нејзините пријатели е тоа што Томовска речиси секојдневно на профилот на социјалните мрежи објавува фотографии на кои го прикажува својот живот на висока нога. Имено, оваа Мерцедес мама постојано се фали со своите скапоцени автомобили и дизајнерски парчиња облека, па сега многумина се прашуваат од каде и пари за сето тоа и како може да си дозволи таков живот ако не заработува. Кога ја прашаа за тоа колку пари има, таа им покажа банкарска сметка од околу 40 милиони денари.
https://www.instagram.com/p/B3sgogfAdvl/
https://www.instagram.com/p/B2MBgm3g5sA/
Таа неодамна за странские медиуми призна и дека неделно троши околу 300.000 денари и дека сето тоа го финансира нејзиното момче, но нагласи дека тој не е нејзиниот „sugar daddy“ како што многумина мислат.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
„Едноставно немам потреба да работам“, вели таа.
Нејзиното момче, како што вели Мерцедес мама, е помладо од неа, но не сака да го открие неговиот идентитет за да не и го преземат другите девојки.
„Женските се змии и ќе се обидат да бидат со него само за да имаат живот како мојот. Тоа веќе ми се има случено три пати“, беше искрена познатата Мерцедес Мама која не престанува да ја интригира јавноста.
Таа мораше четири месеци да помине во затвор како соучесник во споменатата полициска потера, кога беше фатена за пребрзо возење, а на задното седиште во автомобилот беше нејзината ќерка која тогаш имаше само три год.
Брз живот, лесни пари!
Според обвинението таа на моменти возела и преку 230 километри на час, а полицајците останале во шок кога виделе дека во автомобилот не е сама – со неа било и нејзиното тригодишно дете и тоа не врзано!
Според адвокатите на обвинетата, Томовска била присилена да вози неодговорно, а на тоа наводно ја присилил тогашното момче што седело на совозачкото седиште.
По ова Томовска реши да отвори својот профил на „GoFundMe“ и да бара донација од 100.000 долари бидејќи не може да најде работа. Оваа информација ја пренесе и светски познатиот портал „Daily Star“ додавајќи дека Мерцедес мама на суд дошла во очила од Гучи и Кристијан Лобутин чевли.
https://www.instagram.com/p/Bwlmqb5gYAr/
https://www.instagram.com/p/BuiZetXAGQv/
https://www.instagram.com/p/BtpeRBTggey/
Таа глумеше жртва и на социјалните мрежи беше критикувана поради тоа. Еден корисник на социјалните мрежи во коментарите и порача дека сега може да ја носи својата нова дизајнерска облека во затвор.
И нејзиниот демант дека овој профил не го отворила таа и дека станувало збор за шега не ја поправи ситуацијата.
Инаку, Маргарита е мошне популарна на социјалните мрежи, а само на Инстаграм има преку 70 илјади фанови од цел свет.
https://www.instagram.com/p/Bs74mE_gueF/
https://www.instagram.com/p/BrYej0ggZkD/
https://www.instagram.com/p/BoIe3OcnGOE/
https://www.instagram.com/p/BmvTELTnd3b/
Таа на својот профил редовно споделува фотографии од „луди“ автомобили, но и од гламурозни изданија.
Таа откри и дека сега пишува книга за своето искуство во ќелијата додека била во затворот во Австралија.