Оваа згодна русокоса дама е мајка на пејачката Ана Николиќ – има 60 години и изгледа совршено!
Пејачката Ана Николиќ важи за мошне атрактивна жена.
Ана кога се појави на сцената веднаш ги маѓепса сите со својата убавина и за кратко време ја прогласија за една од најубавите жени на естрадата. Таа изгледа симпатично дури и сега, и покрај вишокот килограми што го заработи за време на бременоста, а тоа не треба воопшто да не чуди кога ќе видите од кого ја има наследено својата убавина.
Имено, Ана неодамна на својот профил на Инстаграм објави фотографија од својата мајка и ги воодушеви сите.
https://www.instagram.com/p/Bbti76mlBJu/?utm_source=ig_embed
Многу од нејзините обожаватели помислија дека и е сестра, а кога слушнаа дека и е мајка почнаа да пристигнуваат комплименти од сите страни.
Таа на фотографијата е во костим за капење и изгледа совршено, и покрај тоа што веќе цела година чекори во седмата деценија од животот. Но според нејзиното тело и супер лице, никогаш не би погодиле колку години има, нели?