Реклама
LIFESTYLEВирално

Оваа жена беше првата голема љубов на Игор Џамбазов: „Беше една од најубавите девојки во градот. За неа е посветена оваа песна“

Реклама

Познатиот македонски актер, писател и шоумен пред триесет и повеќе години ја сретна девојката која беше неговата најголема љубов во животот. Тој веднаш се вљубил во неа, на прв поглед, а по цели триесет години, во емисијата „Еден на еден“, за прв пат зборуваше за неа и нивниот однос.

Во прашање е Тања Кочишки, која живела на 200 метри од Драмскиот театар, и која за жал, пред три години го напуштила овој свет. Џамбазов нејзе и ја има посветено и една од неговите најубави љубовни песни, Шал, а како што вели самиот, песната настанала на нивната прва средба, во една студена зимска ноќ, „додека бевме стистани пред нејзиниот влез“.

„Во знак на наша иднина си ги разменивме шаловите, јас и дадов жолто шалче што го носев околу вратот, а таа ми даде еден шарен шал, женски. Иако беше женски, јас го носев најмашки на свет!“, изјави Џамбазов кога беше гостин кај Жаре во неговата емисија „Еден на еден“.

Маркетинг

Жената која никогаш не го изневерила?

Инаку, во интервјуто за Гламур магазин, Џамбазов откри и која е жената која никогаш не го изневерила.

Маркетинг

„Еве и сега, додека во полулежечка положба одговарам на прашања, палецот од десната нога ми ја допира гитарата која лежи во креветот заедно со мене. Мојата гитара е жена која никогаш не ме изневерила…“ изјави во шега Џамбазов.

Тој деновиве се најде во центарот на вниманието поради неговата нова љубов.

Имено, додека ги минуваше деновите во карантин во Дојран, тој преку социјалните мрежи откри дека друштво му прави убавата планинарка Илина Арсова (37) со која во последно време се неразделни.

И токму нивните заеднички фотографии на социјалните мрежи ги подгреаја муабетите дека меѓу нив можеби има и нешто повеќе од пријателство. Тие уживаат во своите меѓусебни дружења, а под едно видео што на Инстаграм го објави Илина од едно нејзино планинарење, таа од кањонот му испраќа поздрав директно до својот „лавер бој“ Игор.

Тоа дека тие времето го поминуваат навистина заедно, сведочат и нивните фотографии, од кои можеме да видиме и дека двајцата се пресреќни во заедничките мигови што ги имаат во преубавото дојранско село Сретеново.

Инаку, Илина Арсова е нашата најдобра планинарка. Таа пред неколку месеци успеа да го искачи врвот Винсон – 4892м, проект на Федерацијата за планинарство на Македонија и Агенцијата за млади и спорт и со тоа го комплетираше проектот Седумте врвови на кој максимално беше посветена.

Со искачувањето на овој врв, Илина стана првата Македонка која успеа да ги искачи сите седум највисоки врвови распространи на сите седум континенти и ја вброи Република Северна Македонија со свој женски претставник во светскиот планинарски предизвик – 7 summits.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button