Оваа дама гази во седмата деценија во животот – нејзините обиди за подмладување ги оставаат сите без зборови! (фото)
Наследничката на модната империја и мајка на две деца гази во седмата деценија од животот.
Познатата дизајнерка Донатела Версаче (63) и мајка на две деца веќе повеќе од 40 години е на самиот врв во светот на модата. Покрај успешната кариера и светски познатиот бренд, Донатела е позната и по тоа што на своето тело и лице досега безброј пати има направено естетски операции. Таа од своите тинејџерски години со браќата работи во семејната империја, но тогаш изгледаше потполно природно – со долга руса коса која и денес е нејзиниот заштитен знак
Па и 20 години подоцна, и по раѓањето на ќерката Алегра и синот Даниел, Донатела успешно им одолеваше на пластичните операции. Но штом зачекори во четвртата деценија од својот живот, најпрво започна со ботокс, за да веќе во 2011 нејзиното лице стане потполно непрепознатливо.
Таа повеќе пати има истакнато дека не верува дека жена може природно да остари и да биде убава. Па погледнете го резултатот од нејзината „неприродна“ убавина и кажете ни дали ви се допаѓа нејзиниот изглед?
https://www.instagram.com/p/BoACUfHHClI/?taken-by=donatella_versace
https://www.instagram.com/p/BoFAQcBHApI/?taken-by=donatella_versace
https://www.instagram.com/p/BpAAOT5ntYi/?taken-by=donatella_versace