Објави слика што досега НИКОЈ ја нема видено – Лила Филиповска во непрепознатливо издание, и таа во шок од овој детаљ!
Таа денес е една од најпосакуваните жени во Македонија, а еве како изгледала во своите најдобри години.
Водителката Лила Филиповска која денес важи за една од најголемите ѕвезди во нашата земја, на социјалните мрежи се присети на својата младост. Имено, таа објави фотографија од пред 15 години, а многумина забележаа дека Лила порано изгледала значително поразлично.
На фотографијата таа има долга и потемна коса, а носи само бела спортска маичка со прерамки.
Филиповска веќе со децении е една од нашите најпознати ликови на малите екрани. Таа својата телевизиска кариера ја започна уште во младоста и уште од тогаш беше забележана по својата посебна енергија.
Таа е родена во Шведска, каде живееше 12 години, а нејзините по потекло се од скопското село Виниче.
Има завршено средно медицинско училиште, а студирала на Македонски јазик и книжевност во Скопје.
Лила зад себе има два брака и синот Филип од првиот брак.
Првите водителски чекори ги прави на МТВ, а на почетокот од својата кариера краток период се занимаваше и со музика, кога сними неколку спотови кои се уште се вртат на Јутјуб.
Беше во брак со Орце Димитровски, некогашниот водач на групата Арија, по што таа ја батали музичката кариера.
Таа станува популарна со квизот „Енигма“, а последниве години, покрај тоа што е една од најпознатите дами на социјалните мрежи во Македонија, Филиповска го води и популарниот квиз „Сé или нешто“.
Бонус галерија
Какви фармерки носи Лила
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска