Носи само оригинали – нема да ви се верува колку Цеца платила за ЛУКСУЗНИОТ детаљ со кој се пофали на Инстаграм
Фановите ја критикуваа познатата пејачка
Пред извесен период еден германски интернет портал кој се занимава со фејк роба што ја носат познатите личности на своите социјални мрежи објави серија од фотографии на кои познатиот фолк пејач Дарко Лазиќ носи часовник од брендот Ролекс, но кој не е оригинал.
Во прашање е модел чиј оригинал чини 32.000 евра.
Но овој пат неговата колешка Светлана Цеца Ражнатовиќ се пофали со уште поскап модел и кој не е фејк.
Во прашање е часовник за кој што Цеца платила 40.000 евра, па откако на интернет „исплови“ сумата, на некои не им се допадна луксузирањето и ја критикуваа популарната пејачка што носи толку скап моден детаљ на рацете за кој потрошила пари колку што чини и еден стан.
Покрај овие коментари стои и ироничната забелешка дека часовникот е „убав и пристапен“, но и дека популарната пејачка би требало да најде некој што е уште поубав и далеку поскап.
Инаку, Цеца во последно време блеска откако е во врска со девет години помладиот Богдан Срејовиќ.
На последното видео што го објави таа носи затемнети очила за сонце и покажа дека и закопчана до грло изгледа топ.
И за разлика од критиките заради прескапиот детаљ, овој пат доби само пофални зборови на сметка на својот изглед.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ