Нов член во семејството на Орце и Драгица Стевковски.
Тие се веќе долги години во брак и се вистински пример како љубовта може да ги помине сите бариери.
Драгица или како што народот милува да си ја нарекува Дракче е позната водителка и нумеролог. Народот ја знае по нејзината емисија „Патот на светлината“, во која таа им ги толкуваше соништата на своите гледачи.
Деновиве во нивниот дом пристигнало кученце, па Дракче веднаш објави на Фејсбук дека кутрето само им дошло и дека ќе го вдомат.
-Тоа само си дојде. Ќе го викаме Леа … Следува бањање и вакцина за да бидеме убави … и најважно од се бушава е како мене, напиша Дракче.
Речено сторено, таа го избања кученцето, па потоа прегрнати позираа заедно.
-Позираме со Леа само за вас. Бакнежи од нас бушавковци“ напиша таа.
Следеа стотина коментари и лајкови од нејзините фанови на кои им се допадна новиот член во семејството Стевковски.
Инаку во интервју за Свет-Австралија, Дракче откри дека таа и Орце се запознале во автобус, кога таа имала 19 години, а тој 23. Вели тоа било љубов на прв поглед. Четири дена после нејзината матура таа му кажала и официјално „да“ на Орце.
Освен што е водителка, таа е и нумеролог. За едно списание таа изработуваше и дневен хороскоп, но и нумерлошки карти на познатите личности. Вели дека предвидела дека пејачот Влатко Илиевски ќе ја претставува Македонија на песна за Евровизија, но и дека Ѓорѓе Иванов ќе стане претседател.