НОВО ЧУДО во Турција: Хаски извлечено живо 23 дена по земјотресот – издржало без храна и вода

Вистинско чудо се случи во Турција. Куче од расата Хаски беше спасено од под урнатините во Турција, 23 дена по катастрофалните земјотреси. Кучето преживеало сите овие денови, под урнстините на двокатница, без храна и вода.
Спасувачките екипи во Антакија во провинцијата Хатај го извлекле Алекс од урнатините, откако го слушнале додека вршеле претреси во близина.
Во серијата разорни земјотреси загинаа повеќе од 50.000 луѓе во јужна Турција и северна Сирија. Хатај е една од провинциите која беше најтешко погодена.
Видео снимката од спасувањето ги покажа напорите на храбрите спасувачи да го ослободат Алекс. И покрај тоа што поминало 23 дена закопано под урнатините, првото нешто што пријателски расположеното кученце го направи по спасувањето беше среќно да го излиже лицето на својот спасувач.

Алекс бил однесен во болницата HAYTAP Field, каде што добил третман и волонтери го згрижиле по спасувањето.
Кучето било исцрпено и ослабено, но во добра здравствена состојба, објавија турските медиуми.
Спасувачкиот тим го слушнал звукот на кучето додека барале привремени засолништа во провинцијата Антакија.
Волонтерите можеле да му го видат носот низ мала дупка во урнатините и им биле потребни два часа да го ослободат.
По спасувањето , Алекс бил пресреќен бидејќи добил многу заслужено внимание.
Во понеделникот Турција беше погодена од уште еден земјотрес со магнитуда од 5.6 степени според Рихтерова скала.
