Реклама
Вирално

Нови сознанија за ширењето на заразата: Откриен пациент во Франција, фатил коронавирус уште во декември

Реклама

Откако една француска болница ги повтори тестовите врз стари примероци земени од пациенти кои боледувале од воспаление на белите дробови, откри дека еден заболен маж бил позитивен на коронавирус на 27 декември.

 

Тоа е речиси месец дена пред француската влада да ги потврди првите официјални случаи на коронавирус.

Маркетинг

Ив Коен, шеф на болница од северот на Париз, рече за БеЕфЕм ТВ дека научниците повториле тестирање на примерок од 24 пациенти кои се лекувале во декември и јануари, а чии тестови биле негативни на грип.

„Од тие 24 имавме еден кој беше позитивен на ковид-19 на 27 декември“, рече Коен.

Маркетинг

„Секој примерок повторно е тестиран повеќе пати за да се отстрани можноста за грешка“, додаде тој.

 Франција, во која досега починаа речиси 25.000 луѓе од коронавирус само од 1. март, првите три случаи на ковид-19 се потврдени на 24 јануари.

Станува збор за двајца пациенти во Париз и еден недалеку од Бордо.

Коен вели дека е прерано да се каже дали пациентот чиј тест на 27. декември бил позитивен е францускиот нулти пациент. Сознанието за тоа е критично за да се разбере тоа како се ширел вирусот.

Коен додаде дека тој пациент преживеал.

„Бил болен 15 дена и ги заразил двете свои деца, но не и жената која работи во супермаркет. Бил воодушевен, не знаел како се заразил. Ја сложивме слагалицата и откривме дека не патувал. Единствен контакт му бил оној со сопствената жена. А таа работела близу штандот на кој се продава суши, близу колега од кинеско потекло. Меѓутоа не е познато дали тие луѓе патувале во Кина, а тоа би требало да го истражат локалните институции“, додаде Коен.

 Коен вели дека се парашуваат и дали сопругата на пациентот била асимптоматична па истакнува дека тој би можел да биде нултиот пациент, но постои можност да има и други такви во останатите региони од државата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button