Новогодишни украси шолји за кафе – погледнете како е украсен домот на македонската водителка (фото)
Секоја година е сѐ покреативна.

Новогодишната елка блесна и во домот на македонската водителка.
Елена Најдоски во јавноста е позната како Елена „Живот со стил“ поради емисијата по која е препознатлива години наназад.
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
Елена живее живот со стил и се вбројува во една од најдобро облечените жени на македонската сцена.
Каква што ја гледаме на малите екрани, таква е и приватно. Елена живее со стил и ужива во луксузот и гламурот, а многупати се покажало и дека е одлична домаќинка.
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
Таа е вистински пример за секоја жена, како треба да се изгледа во секоја прилика.
Заедно со сопругот, бизнисменот Бојан Најдоски живеат во стан во Скопје, кој е уреден со стил.
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
Секој детаљ во нивниот дом е добро осмислен, а погледот од нивниот балкон е магичен.
Домаќинката е најдоговорна за целата атмосфера во станот.
ФОТО: Инстаграм / Елена Најдоски
Како и во секој дом, така и кај нив блесна новогодишната елка.
Водителката покажа како го украсила домот, а најголемо внимание привлекуваат новогодишните украси.
На Инстаграм се пофали дека периодов своето кафе дома ќе го пие во новогодишни шолји.