Фолк дивата ретко имаме прилика да ја видиме во ова издание.
Откако неодамна објави фотографија на која носеше мал црн фустан и пиеше шампањско, а нејзините фанови и порачаа да го извади момчето од фиоките и конечно да го покаже пред обожавателите, пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ повторно пријатно ги изненади сите.
Но овој пат не е фотографија од нејзиниот дом на која се гледа таа во некое опуштено издание, туку видео направено во еден салон за убавина.
Цеца на фотографиите е без шминка на лицето и со крпа замотана околу главата, а во описот познатата фолкерка во кратки црти порача:
И на косата и е потребна нега!

Фолк дивата со краткото видео предизвика лавина од позитивни коментари поради своето опуштено издание кое во последно време речиси секојдневно го споделува на нејзиниот профил на социјалните мрежи.

Нејзините обожаватели се сигурни дека зад доброто расположение на пејачката се крие нејзиниот нов љубовник кој Цеца засега го крие како змија нозете.

Имено, пејачката во едно интервју неодамна призна дека се чувствува исполнето на емотивен план и дека е сакана жена, па сега сите се прашуваат кој би можел да е виновникот за нејзиното добро расположение.