Новата фотографија на Емина Јаховиќ и нејзиниот партнер милионер што се појави во јавноста
Откако се раздели од Мустафа Сандал, Емина Јаховиќ се вљуби во поранешниот спортиста, турскиот милијардер Седатин Саран кој важи за еден од најмоќните бизнисмени во Турција.
Како што пишуваат турските медиуми, тие двајцата својата врска не сакаат се уште да ја признаат во јавноста, но сега Седатин објави фотографија на која покрај членовите од неговото потесно семејство, се наоѓа и Емина и тоа со нејзината глава потпрена на неговото раме.
За нивната врска прв пат се дозна во август, кога новинарите постојано ја следеа пејачката, за да дознаат нешто повеќе за нивната романса. Но таа досега на нивните прашање се уште нема дадено одговор, а дека ги избегнува новинарите јавноста можеше да види и кога во една пригода ја пречекаа пред еден познат фризерски салон во Истанбул од каде што излегуваше, а пејачката, без да им одговори на прашањата, избега револтирано во автомобилот.
„Зошто сте нервозни кога ве прашуваме за Садетин, ако не сте во врска, зошто не го демантирате тоа“, беше едно од прашањата што и го поставија на пејачката, а таа избра да молчи. Од друга страна пак, и Садетин кој досега бил два пати во брак одби да даде одговор на прашањето поврзано со неговиот приватен живот, иако и тој досега ја нема демантирано веста за нивната романса.
Инаку, вчера во јавноста се појави фотографија и од поранешниот сопруг на Емина и неговата нова избраничка која можете да ја видите тука.