Реклама
Наши ѕвезди

Никола Димитров ја покажа својата нова партнерка? Поранешниот министер никогаш посреќен (фото)

Фотографијата изненади многумина на социјалните мрежи

Реклама

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров повторно се најде во центарот на вниманието.

Имено, тој на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм сподели фотка на која е со новинарката за која се шушка дека се во врска.

Поранешниот министер и вицепремиер кој социјалните мрежи често ги користи да прикаже и случки од неговиот приватен живот, овој пат објави една фотографија од прослава на која е со симпатичната новинарка Катарина Синадиновска.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Никола Димитров

Тие и двајцата се поприлично расположени и весели, а Димитров позираше со широка насмевка на своето лице.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Никола Димитров

Катарина и Никола веќе неколку години се дружат, а во една пригода новинарката потврди дека се блиски со поранешниот министер, но и дека нивниот однос не е во сферата на јавниот интерес.

Инаку, Димитров од својот прв брак со Маја ја има ќерката Јана додека од бракот со Наташа Мачкова со која се ожени во 2009 година има три деца. Но за жал и оваа врска не траеше долго.

Фото: Инстаграм/ Никола Димитров

Димитров во 2009 година стана амбасадор на Македонија во Холандија, а по завршување на мандатот стана министер за надворешни работи во Владата на Зоран Заев, потоа и вицепремиер за европски прашања по изборите во 2020 година. Во јануари минатата година остана без функција, со промената на владиниот состав предводен од актуелниот премиер Димитар Ковачевски.

Фото: Инстаграм/ Никола Димитров

Тој е син на Димитар Димитров и Ратка Димитрова, а на 30 септември ќе наполни 51 години. Неговите родители беа истакнати функционери и едни од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, а неговиот татко е бегалец од граѓанската војна во Грција.

Интересно за Никола е и тоа што неговиот најмал син, Калин, е роден на истиот ден со него и наскоро ќе наполни 10 години.

Фото: Инстаграм/ Никола Димитров

Фото: Инстаграм/ Никола Димитров

Фото: Инстаграм/ Никола Димитров

Фото: Инстаграм/ Никола Димитров

Фото: Инстаграм/ Никола Димитров

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button