Никогаш не би го препознале на оваа фотографија – тој денес е еден од најпознатите водители во Македонија и сопруг на позната пејачка
Откако се роди нивната ќерка Илина овој брачен пар не престанува да објавува преслатки фотографии и видеа со неа.
Сара и Димитар важат за еден од најскладните парови во земјава, а нивната преслатка ќеркичка Илина која е преслатка.
Димитар денеска наполни 34 години, а свеќичките ги дувна заедно со својата ќерка.
Преслатката Илина замисли и желба за тато Димитар, а му испеа и песничка.
Секако Димитар со љубов и гордост ја гледаше, па објави на Инстаграм.
Сара и Димитар често на социјалните мрежи споделуваат и приватни фотографии и ги споделуваат убавите моменти и со фановите.
Меѓу фотографиите за честитки по повод роденденот се најде и фотографија од детстството.
Односно неговата сестра му честиташе роденден и сподели фотографија од нив двајца кога биле деца.
Тие се венчаа во 2017 година и направија традиционална венчавка со сите македонски обичаи.
Сара пак често знае да се пофали дека Димитар е супер татко кој навистина се труди околу нивната ќерка.
Сподели интересно видео на кусите приказни на Инстаграм и покажа како Димитар ја чува Илина.
Креативниот татко се труди на секој можен начин да ја развесели својата ќерка, па прави сè за да ја анимира и да ѝ го задржи вниманието. Додека заедно јадеа Димитар на очи имаше ставено очила за нуркање и во исто време ѝ раскажуваше приказни на Илина, со цел да ја мотивира што е можно повеќе да изеде од зготвеното.
Сара го сними овој момент и го сподели со фановите, а во опис напиша: „Од рубриката татко цар“.
Таа во едно интервју кажа дека најчесто Илина ја чуваат тие двајцата за да не пропуштат ниту миг од нејзиното растење, но тука се и нивните родители кои исто така им помагаат.