Нивната љубов започна на Гранд сцената – македонската пејачка и нејзиниот сопруг соопштија убава вест
Го паметите ли овој Гранд пар?

Популарните ѕвезди на Гранд денес го живеат својот сон.
Музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ целосно им го промени животот на пејачите Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ.
ФОТО: Инстаграм / Елена Миленковска
Важат за еден од најскладните парови на естрадата, а според она што може да се види на нивните социјални мрежи, во нивниот дом владее мир и хармонија.
Она што беше интересно беше тоа што Гуте ја запроси Елена токму за нејзиниот 27 роденден, па наместо подарок, пејачката си доби веренички прстен.
ФОТО: Инстаграм / Елена Миленковска
И двајцата се многу активни на социјалните мрежи, каде секојдневно споделуваат фотографии од своето семејство и домот.
И двајцата не се откажаа од музиката, но максимално се посветени на семејството.
ФОТО: Инстаграм / Елена Миленковска
Плод на нивната љубов се нивните две деца Максим и Миона.
Според она што го пласираат на социјалните мрежи, тие изгледаат посреќни од било кога.
ФОТО: Инстаграм / Елена Миленковска
Ја негуваат својата љубов и двајцата се вклучени во воспитувањето на децата.
Поминаа 5 години од започнувањето на нивната убов, па по повод годишнината парот ја сподели нивната прва фотографија направена токму во Гранд.
ФОТО: Инстаграм / Елена Миленковска
„Денеска почна петтата година од нашиот брак.
А, ова е нашата прва фотографија.
На оваа фотографија сме само двајца пријатели кои штотуку се запознале, да ни кажеше некој што сѐ нѐ чека…
За сѐ што било и за сѐ што доаѓа, те сакам“, стои во опис на фотографијата.