CelebrityНовости

НЕ СЕ ЗАБОРАВА ОВА: Халид има со што да се ГОРДЕЕ, неговата наследничка е вистинска убавица, но колку ТАА се гордее со својот татко по овој CKAНДAЛ!

Advertisement

Пејачот Халид Муслимович и неговата сопруга Аделиса, пред две години го просалвија 18-от роденден на својата ќерка, а ние ќе ве потсетиме како изгледа наследничјара на Халид, Лејла.

Лејла Муслимовиќ ретко можете да ја видите во јавност.

Advertisement

Халид одлично знае да го скрие приватниот живот од јавноста, па не само Лејла ретко се појавуваат во јавноста и неговата сопруга и синот.

Она што се знае е дека Халид повеќе од две децении е во брак со Аделиса Хоџиќ со која ги има ќерката Лејла и синот Енис.

Advertisement

И покрај бројните искушение кои ги имаат во професијата, Халид и Аделиса успеаја да ги одржат својот брак.

 

Ќерката на Халид, Лејла ги собира сите коментари од фановите на пејачот, сите велат таа е паметна на тато, а убава на мама.

Погледнете:

 

 

Халид ретко во јавноста се поврзува со некои скандали, но неодамна пејачот беше поврзан со една тепачка, да се потсеиме за што точно стануваше збор.

Халид Муслимовиќ се најде под истрага на полицијата под сомнение дека ја претепал 45-годишната жена, по што наводно и и се заканил дека „ќе ја изеде помрачина“.

Истрагата, пренесува Аваз, е покрената откако С.Б. го пријавила пејачот во полициската управа во Бања Лука, велејќи дека тој ја нападнал во Козарац додека со автомобил се возеле за Бања Лука, каде што живее таа.

Таа пријави дека се скарале на 27 јули меѓу 2 и 3 часот наутро, по што тој и задал повеќе удари по лицето и телото. Во пријавата, таа навела дека, по доаѓањето во Бања Лука ја исфрлил од автомобилот.

Портпаролот на Полициската управа Бања Лука Марија Маркановиќ ги потврди овие наводи.

„Полицајците постапија по пријавата и го испитаа Муслимовиќ. По комплетирањето на предметот против него ќе биде доставен извештај до Окружното јавно обвинителство во Бања Лука, изјави Маркановиќ.

Како што се наведува, Муслимовиќ се товари дека сторил кривично дело нанесување на телесни повреди, и загрозување на безбедноста.

Популарниот пејач, дематирал се.

„Точно е дека од Козарац тргнавме кон Бања Лука. Беше пијана, и бидејќи од претходно се познаваме зошто ми ги работеше турнеите по Австралија, не сакав да оди со такси или да ја вози некој кој не го познава, па ја возев.

Всушност, таа мене ме нападна во автомобилот, а не јас неа. Да бидам до крај искрен…Од почетокот имаше некои амбиции кон мене.

Бараше да не ја враќам дома туку да останам со неа во станот во Бања Лука. Не се согласив и таа збесна. Беше многу пијана.

Постојано бараше да застанам со автомобилот, да излезе надвор. Во поднапиена состојба неколку пати удри во автомобилот, во вратата од автомобилот. Ја измисли целата приказна, зошто не сакав да „играм“ како што таа бараше.

Не е точно дека ја претепав. Како господин ја донесов до станот, сакав да и излезам во пресрет и на крајот добив непријател. Се излажа за да ми направи лошо“, изјави Халид.

По овој инцидент, српските медиуми пишуваа дека станувало збор за љубовницата на славниот пејач, па таа после инцидентот се огласила и таа, еве што изјавила:

Жената која го пријави пејачот Халид Муслимовиќ дека ја претепал кон крајот на јули во Бања Лука, тврди дека тие двајцата се во врска три години и дека добила ќотек кога барала да и врати 94.500 евра.

Соња Башиќ приложила и писмен материјал, кој по нејзините зборови докажува дека му давала пари, како и заеднички фотографии, како и оние на кои таа има модрици.

-Со Халид почнав да се забавувам во ноември 2015 година, кога беше во Австралија на турнеја. Му помогнав да опстане, бидејќи е во тешка ситуација, има хипотека. Му помагав околу тој кредит, но и децата да му се образуваат на факултет во Бањалука, како и за снимање на неговите песни и спотови-изјавила таа.

-Три пати ме удри со рака преку уста, па го запре автомобилот, излезе и дојде до мојата врата. Со раката ме фати за коса, ме извлече и јас паднав на земја.

Удрив со десниот колк на камен. Го прашав: Халиде, зошто ме удараш, а тој почна со другата рака да ме удра во вилицата- го опишала таа настанот од пред некој ден.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button