Не сакаат да ја облечат светската ѕвезда со потекло од Македонија бидејќи е „предебела“
Се чини дека холивудските стандарди за убавина стануваат поригорозни.
Имено, пејачката и текстописец со македонско потекло Бебе Реџа, која првпат беше номиниран оваа година за Греми, беше одбиена од многу дизајнери, бидејќи е премногу дебела за нивните стандарди.
Пејачката по овие изјави беше многу вознемирена, па одлучи јавно да проговори:
https://www.instagram.com/p/Bs58lMqHtrk/
„Конечно сум номиниран за Греми, што е најдоброто нешто што ми се случило досега, обично другите уметници одат на разговор со дизајнерите кои им шијат фустани за црвениот килим, па затоа на мојот тим им реков да исконтактираат со познати дизајнери и повеќето од нив одбија да ме облечат бидејќи сум премногу дебела. Тие буквално рекоа дека сум дебела. Ако големината 8 е преголема тогаш не знам што да кажам. Значи, сакате да кажете дека сите жени во светот кои носат големина 8 или повеќе не се убави и не можат да ги носат вашите фустани? Па, сите оние кои мислат дека сум премногу дебела и не можам да ги носам нивните фустани е…. се – јас, не ги сакам вашите фустаните! “, пишува Реџа.
https://www.instagram.com/p/BsFYlRynXDp/
Големината на фустанот кој требаше да биде дизајниран за пејачката одговара на бројот 40 во нашите продавници.
https://www.instagram.com/p/BrQAfwkHCTA/?utm_source=ig_embed
Сепак, има дизајнери кои сметаат дека пејачката не е дебела. Хрватскиот дизајнер Јурај Зигман беше заслужен за креацијата што Реџа ја носеше на ревијата на „Викторијас сикрет“, и можеби тој повторно ќе го дизајнира фустанот што таа ќе го носи на Греми наградите.
https://www.instagram.com/p/BqNAv8enEKw/
Инаку, Блета Бебе Реџа е родена на 30 август 1989 година во Бруклин, САД, од родители Албанци, со потекло од Дебар, Македонија. Таа има и американско и македонско државјанство. Започна да пројавува интерес кон музиката уште од 4-годишна возраст, а љубовта кон музиката ја продолжи и во средно училиште на Стејтен Ајланд.
https://www.instagram.com/p/BqTJY56HObN/
Најмногу е позната од видео записот „Take Me Home” на Cash Cash и „Hey Mama” на Давид Гета. Текстописец е и на познатата песна „The Monster” на Еминем и Ријана.