Познатиот фолкер се расплака среде настап.
Македонскиот фолк-пејач Спасен Сиљаноски е доста активен и на социјалните мрежи, каде често споделува и фотографии преку кои споделува и дел од својата приватност.
Тој заедно со уште неколку колеги изминатиот викенд настапуваа во Швајцарија каде приредија вистинско шоу.
Во друштво со фолкерката Сани, кралот на саксофон Ферус Мустафов, кралот на зурлата Џељо Дестановски, Орде и Панчо од ДНК заедно настапуваа пред преполна сала каде се пееше и играше, а публиката беше претежно од помладата генерација и судејќи според фотографиите сите уживаа.
Фолкерот Спасен важи за емотивец, па уште еднаш го совладаа емоции и се расплака среде настап.
-Огромна чест и задоволство е да се пее пред илјадна публика. Огромно благодарам на Македонското друштво Пирок од Пајерн-Швајцарија за нивната покана и за нивниот срдечен пречек. Огромно БРАВО за нивната беспрекорна организација. Навистина беше чест и задоволството да се гостува на една ваква манифестација. Уште еднаш благодарам и на сите гости кои беа присутни на нашиот концерт, напиша Спасен и додаде:
-По тоа што го видов се надевам дека сите си поминаа прекрасно. Верувајте во еден момент понесен од атмосферата и од позитивната енергија којашто ја почувствував за време на мојот настап, почнаа да ми капат солзи кои не можев да ги запрам … Солзи радосници. Ве сакам!, напиша пејачот и објави фотографија со солзи во очите.
Ова не е првпат тој да пушти солза.
Најгледана и најпопуларна снимка на Јутјуб е неговата песна „Мајка“, песна која неговата мајка ја има напишано за друг пејач. Оваа снимка набрзо доби многу прегледи. На пејачот кој не можејќи да ги задржи емоциите додека ја пееше песната, од почетокот до крајот на изведбата му течеа солзи.
„Ќе ми простите што ја пејам со треперлив глас но емоциите си го прават своето … Оваа песна мислам дека е една од најемотивните и најубавите која ја имаме создадено со мојата мајка … за жал не беше ксмет да извадам јас студиска снимка. Прв пат ја изведувам во живо во емисијата „Имат Немат“ во придружба на група Чардак …
„Ви ја посветувам на сите вас драги пријатели и љубители на Македонската музика, на сите вас кои знаете што значи зборот МАЈКА,а посебно за мојот драг другар Bosko Karadakoski“, напиша тогаш тој на Фејсбук.