Не можат еден без друг – Џенифер и Бред Пит повторно се гледаат. Погледнете како изгледаше и нивното љубовно гнездо!
Нивните фанови секогаш се среќни кога ќе слушнат вакви вести
И покрај тоа што нивниот брак заврши со фијаско уште пред 15 години, Џенифер Анистон и Бред Пит се уште се една од главните теми во медиумите.
И ова важи за целиот свет.
Токму затоа и најновите информации што ги објавија светските медиуми дека познатиот холивудски актер постојано ја следи својата поранешна сопруга, го привлекоа вниманието на сите. Причина за овие гласини е последната донација на актерот во истата хуманитарна организација во која пари има уплатено и Џенифер, пренесува британскиот „The Mirror“.
Пред неколку дена во странските медиуми одекна веста дека ѕвездата од серијата пријатели погодена од загинyвањето на Афроамериканецoт Џорџ Флојд, кој настрада како жpтва на полицијата, донирала милион долари на организацијата „Color of Change“, а споменатите медиуми сега тврдат дека истото го направил и нејзиниот поранешен сопруг, Бред Пит.
Неименуван извор тврди дека познатиот актер по протестот отишол кај Џенифер каде, во разговор со неа, одлучил и тој да донира милион долари за организацијата.
Љубовното гнездо на Џенифер и Бред
Инаку, и покрај тоа што не се заедно, нивното љубовно гнездо се уште го привлекува вниманието и се продава за висока цена.
Во прашање е луксузната вила на Беверли Хилс која што Џенифер и Бред си ја купија во својата најголема љубов и која сега се продава за неверојатни 44.5 милиони долари.
Тие на лудиот камен застанаа во 2000 година, а решија да се разделат по пет години, односно во 2005 година.
Кога беа во периодот на својата најголема љубов Бред и Џенифер живееја во елитен дел од Лос Анџелес.
Во прашање е луксузна вила на два ката која познатиот пар ја избра за свое љубовно и семејно гнездо.
Вилата има четири спални сопи, огромна трпезарија, како и голема дневна соба која излегува на базен и бајковит двор преполн со зеленило.
Во близина на куќата има и тениско игралиште, како и посебна куќа наменета само за престој на гости.