Не ми јавувајте да закажете термин за деца од 11 години – објава на козметичарка што го ШОКИРАШЕ целиот Балкан
На социјалните мрежи се шири објава на една козметичарка од Србија која одбила да работи со деца од 11 години.
„Не јавувајте ми се воопшто и не закажувајте термини за деца од 11, 12 години… Што се однесува до мене, можете да правите што сакате, децата вашим па слободно им ја боите косата, лепите трепки и било што друго, но јас не сакам да учествувам во тоа. Некои граници сепак постојат и парите не се најважни“, пишува оваа козметичарка и го додава и следново:
„Ви се заблагодарувам на разбирањето, ако се разбравме воопшто“ пишува во нејзината објава.
Многумина беа шокирани од ова нејзина објава, односно од тоа што некои родители носат толку мали деца на козметичар.
Една американска студија покажа дека 80 отсто од децата од 9 до 11 години во оваа земја користи некој облик на козметички производи и производи за нега. Половна од децата од 12 д 14 години користат маскара, сенка, туш за очи и моливче за веѓи. 45 отсто од децата од оваа група користат пудра и коректори. Што се однесува до момчињата, 69% од нив до 14 години користат средства за чистење на лице, колонска вода, хидратантни креми, гелови и пени за коса.
Според психијатарот Валед Ахмед развојот на силно самопочитување е клучно за развојот на секое дете. Позитивната слика за неговото тело допринесува за висок степен на самодоверба, затоа е важно родителите тоа да го поттикнуваат. Се повеќе деца и млади истакнуваат дека се незадоволни од својот изглед. Значи, користење шминка во најрана возраст може потенцијално да придонесе за негативна перцепција ако се прави од погрешни причини.
Затоа најдобро е со детето отворено да зборувате за шминкање, ако за тоа изрази интерес. Најдобро е родителот да дознае што детето очекува, а па да постави ограничувања и да се увери дека тоа го разбира психолошкото и здравственото влијание на шминкањето, пишува „Индекс.хр“.