Не е само Лила хит – и НЕЈЗИНИОТ СИН знае како да ГИ СРУШИ социјалните мрежи

И покрај долги години присуство на македонската јавна сцена, водителката Лила Филиповска и понатаму е една од најкатуелните личности во земјава.
Секоја нејзина објава, секој нејзин чекор будно се следи, а публиката постојано сака да знае што ново се случува во нејзиниот живот.
Нејзиното семејство потекнува од скопското село Виниче. Она што малкумина знаат за неа е дека има завршено средно медицинско училиште во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов”, и студирала филологија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а зад себе има два брака и синот Филип од нејзиниот прв брак.

Нејзините почетоци во работата се врзани за здравството, поточно социјалните грижи, зашто Лила започнала да работи како сестра – негувателка, но бргу сфатила дека поривот ја влече кон нешто што поврзано со јавната професија, па во тогашната „Зимско рекреативната програма“ на МТВ ги направила првите водителски чекори.
Лила краток период се занимавала и со музика, најпрво во дует варијанта со колегата Александар Блажевски во „Само љубовта“, па набрзо потоа и со својот тогашен водителски партнер, Крумислав Мишко Барзов во нивниот музички „Земјотрес“, а потоа и соло песните: „Ти верував до крај“, „Сонувам“, „Кам, бејби кам“.

По разводот со својот тогашен сопруг Орце Димитровски, некогашен водач на групата „Ариа“ и нивниот музички излет на фестивалот „Охридски Трубадури“, таа е откажува од музичката кариера, целосно посветувајќи му се на она, во што е дефинитивно најдобра во земјава – ТВ водителството.

Нејзината популарност ескалирала со квизот „Енигма“, нејзиниот прв и омилен квиз, кој беше пандан на квизот што и го одбележал детството, „Квискотека“. Наредните години водела ток-шоуа и забавни емисии, а последниве неколку години повторно работи на својата прва љубов – квизот. Речиси една деценија, Лила е препознатлива по квиз-шоуто „Се или нешто“, кој се емитува секој ден на телевизија Сител.
Таа премногу ужива во својата работа и тоа секако раѓа со плод.

Освен што е одлична водителка, таа неколку години е и доста актуелна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм кој на одителката ѝ носи и дополнителна заработка. На нејзиниот профил може да се видат и многу провокативни фотографии кои веднаш по нивното објавува ги „рушат социјалните мрежи“.
Лила навистина знае како да ужива во жиотот, а најсреќна ја прават патувањата.

Иако пандемијата не дозволуваше летување минатата година освен во Албанија, Лила се одлучи да ја посети соседната земја и таму да ужива во летото.
Освен тоа, таа одлучи и да го посети родното место на нејзиниот татко, селото Винче. Оттаму сподели многу фотографии и го раскажа своето искуство.
„Виниче (скопско) е родното село на мојот татко Милан. Во оваа куќа имам многу спомени. Виниче се наоѓа на 8 км од Скопје на 611 метри надморска височина и е вистинска воздушна бања . Денешниот ден е ден за семејството па . Овој brownie е специјалитет на внука ми Галена ? Денес селото слави Св. Илија а додека беше жив татко ми , и ние славевме. Најдобриот начин на полнење батерии е овде… ваков мир и тишина нема никаде на друго место. Тука се наоѓа и една убава црква со името на светецот Илија“, напиша таа во опис на фотографиите.
Лила често на социјалните мрежи знае да сподели и фотографии од нејзиниот син единец, кој сега тргна по нејзините стапки. Во опис на нивните заеднички фотографии секогаш има некоја шега во нивни стил со која ја засмејуваат јавноста.
По повод еден негов роденден таа напиша емотивна порака за него.
„Моја прва среќа, моја љубов, моја поддршка ,моја десна рака, мој свет, мое сѐ …најсреќен роденден…..те сакам“. напиша водителката под фотографијата под која се редеа и честитки од нејзините фанови.
По тој повод Лила исто така во кратките приказни на Инстаграм кои траат 24часа сподели фотографија – колаж на која е заедно со нејзиниот син, а во описот на фотографијата напиша „Можеби сум те родила, но не се сеќавам. Најсреќен роденден човеку на мојот живот. Те сакам“, напиша Лила.
Но, и Филип не останува покус, па знае да се пошегува понекогаш со својата мајка.
На една нивна заедничка фотографија, направена на роденденот на Бојан Јовановски или Боки 13, Лила е облечена во ултра секси издание. Нејзиниот син во опис на фотографијата напишал: „Со Лила од сѐ или нешто“.
Филип е дефинитивно најважниот човек во животот на Лила, а таа секогаш со гордост и љубов во очите зборува за него. И дефинитивно има зошто да се гордее. Филип е младо, воспитано момче, со добри манири, за кои со сигурност е заслужна неговата мајка.

Деновиве на социјалните мрежи почна да се споделува негова фотографија на која тој лежи гол во када полна со пена.
Она што сите го коментираа е дека Филип почнал да ги следи стапките на негоата мајка и да биде активен на социјалните мрежи.

Лила и Филип честопати заедно се појавуваат на важни настани и случувања во земјава, а како изгледаат нивните фотогафии погледнете во продолжение:



















