Реклама
Вирално

Несекојдневна случка од Австралија: Сопругот ја изгуби бурмата, па му ја пронајде една риба?!

Реклама

Сопругот што ја изгубил својата бурма додека летувал на еден егзотичен остров во близина на Австралија, се шокираше кога еден друг нуркач со месеци подоцна ја забележал бурмата закачена околу телото на една риба.

Неговата сопруга очајно сакаше да ја добие бурмата назад.

Маркетинг

На интернет секојдневно може да се најде по некоја необична приказна, но и фотографија од необични случки, а таква е и оваа.

Нуркајќи Сузан Приор случајно нашла бурма која ја загубил друг нуркач додека нуркал на островот.

Маркетинг

И сето тоа не би било така невообичаено доколку прстенот не би бил заглавен на риба.

Сузи Квинтал и нејзиниот сопруг Нејтан Ривс го посетиле островот Норфолк, лоциран на околу 1.600 км северо-источно од Сиднеј, за да го видат семејството, но додека сопругот бил да плива забележал дека му паднал венчалниот прстен.

Се обиделе да го најдат, но се било залудно и сите надежи биле загубени сè додека една локална нуркачка не го забележала прстенот на телото на една риба.

Веднаш знаела чиј е прстенот и го контактирала парот преку Фејсбук, бидејќи и самата ја имала слушнато приказната за изгубениот прстен на почетокот на годината.

Зборувајќи за „Дејли Мел“ Сузан открила дека глетката од рибата заробена во прстен била страшна. Иако не е и било првпат да види такво нешто.

Сузан рекла дека и претходно имала видело риби заглавени во пластика, но загрижувачки е да видиш риба „окована“ во метал.

Со оглед на масовното загадување на морињата и океаните честа е ваквата појава, но иако е среќа за сопружниците, за животинскиот свет ова значи катастрофа.

Во овој случај рибата е мала, па прстенот не предизвикал проблеми, но доколку никој не ја види, како ќе расте со тек на време прстенот ќе се вреже во неа.

– Металниот прстен може да се отстрани само со фаќање на рибата во мрежа и нежно отстранување.

Парот кој го загубил прстенот пак во своја „одбрана“ цели дека направиле сè за да го најдат, но не успеале.

– Секогаш кога оди на пливање му велам да ја извади бурмата, но не ме послуша. Ден пред нашата втора годишнина од бракот тој ја загуби.

И не само тие, прстенот го барале и мештаните од островот, а бил употребен и детектор за метал, но целата потрага била неуспешна.

– Не можев да верувам. Имам неколку пријатели на островот и тие се сосема решени да го бараат – рече таа.

Сузи и нејзиниот сопруг не можеа да се вратат на островот Норфолк и сега со нетрпение чекаат да видат дали луѓето ќе ја најдат рибата со неговата бурма.

Па нареден пат кога ќе пливате сетете се на оваа случка, па бидете малку повнимателни!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button