Неодамна испловија гласини дека Елена Велевска е бремена, а сега фотографиите што се појавија на интернет откриваат сé
Неодамна можевме да прочитаме во некои наши медиуми дека Елена Велевска повторно е бремена
Веста за наводната бременост како бомба одекна меѓу нејзините обожаватели. Според овие гласини таа успешно криела дека е во блажена состојба, а она што дополнително ги збуни сите, е тоа што неодамна, Елена во едно интервју изјави дека во нејзиниот брак не цветаат рози, а можевме да прочитаме и дека се разделила од сопругот. И додека многумина се прашуваа кој би можел да биде новото момче на Елена, се огласи и згодната пејачка која само кратко ги демантираше гласините со една објава.
„Се е точно колку што се точни гласините дека сум трудна по четврти пат“ напиша таа на Инстаграм. Имено, таа со ова сакаше да демантира дека е во врска со богат бизнисмен од Америка, кој наводно е 10 години помлад од неа, но и да стави точка на муабетите околу нејзината бременост.
По ова таа реши да не ги коментира ваквите пишувања, но затоа следуваа сет од фотографии на социјалните мрежи на кои Елена изгледа неверојатно добро, но и со кои дефинитивно стави точна на овие приказни. Имено, на овие фотографии Елена позира во костими за капење, а во пред план е нејзиното тело, како и стомакот на кој нема ни грам вишок.
Очигледно дека пејачката сакаше да покаже дека е во топ форма, но и да ги демантира написите за наводната бременост.
Фановите се воодушевени од тоа како изгледа, па следуваа бројни комплименти под секоја фотографија.
Инаку, Елена со нејзиниот сопруг Марјан имаат три деца…