Уште еднаш покажа дека е една од најатрактивните пејачи н фолк естрадата и дека и нема рамна.
Сузана Гавазова во последно време е многу популарна, но и активна на социјалните мрежи каде речиси секојдневно споделува видеа и фотографии од нејзиниот приватен живот.
Често може да се види дека настапува и надвор од границите на Македонија, па така и сега.
Таа пред божиќните празници заедно со своите две ќерки и сопругот отпатува во Америка, па сега после неколку настапи дојде време за одмор.
Секако тоа не е каде било туку на плажа среде јануари.
Гавазова се расоблече во костим за капење и покажа совршена фигура, па се сончаше покрј својот сопруг, но најпрво направи неколку жешки кадри од себе кои препотија многу мажи.
Гавазова важи за една од најатpaктивните жени на нашата естрада, а оваа титула не ја доби без причина. Впрочем таа тоа постојано и го докажува и со пpoвокативните изданија и фотографии.
Пејачката деновиве сподели неколку видеа на својот профил на Инстаграм во поприлично пикантна комбинација со којашто настапи пред својата публика.
Атрактивната пејачка која пред само неколку дена наполни 42 години позираше во мрежест горен дел зачинет со интересни детали на ракавите, а кој во останатиот дел повеќе откриваше отколку што сокриваше, а кој Гавазова го носеше со исто така пpoвокативно здолниште и мрежести хyлахопки.
Во преден план беше нејзиното раскошно деколте, но и занесното тело, со кои пејачката никого не остави рамнодушен.