Реклама
Наши ѕвезди

Нема да ја препознаете сопругата на премиерот – неверојатна трансформација, се преполови и изгледа подмладено!

Реклама

Сопругата на премиерот Зоран Заев освен што добро изгледа, често знае да направи и драстична промена.

Зорица Заева важи за една од поубавите сопруги на македонските политичари која секогаш зрачи со елеганција, а овојпат ја промени својата препознатлива фризура.

Маркетинг

Иако долго време црната коса беше нејзин „заштитен знак“ се реши да направи промена. Нејзината коса е драстично осветлена, а таа изгледа свежо и подмладено.

Нејзиниот стилист се погрижил добро да си ја заврши работата, а Заева изгледа подобро од било кога.

Маркетинг

Како и порано кога правела промена со фризурата веста за нејзината трансформација ја сподели нејзиниот долгогодишен стилист Драган Гоцев-Даци, од Струмица.

Тој на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии од Зорица.

„Работам со Зорица уште пред да стане жена на премиер, во текот на сите овие години гледам една иста личност, односно жена која се нема променето според функциите, личност која е страсно едноставна и позитивна, забавна и личност која секогаш знае што сака.“

„Нејзиниот стил е доста препознатлив карактеризиран со темни „smokey eyes“, најчесто црвен кармин и црна секогаш уредна коса, раскажуваше Гоцев во интервју за Фактор.

Години наназад тој се грижи за нејзиниот изглед, а сето тоа како што вели се развило во пријателство.

„Зорица била секогаш овде со мене од моите почетоци и личност која никогаш не ја изневери мојата доверба како пријател. Човек пред сè, без разлика на тоа што е Заева, вели тој за „Фактор.

Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев и неговата поубава полвина, Зорица Заева, веќе долги години се во брак од кој имаат добиено две деца.

Нивната љубовна врска започнала во средното училиште, а по шест години ќе решат да запловат во брачните води.

Тие се генерациски една година разлика, а љубовта ќе се роди во ходниците, на паузите меѓу часовите додека оделе во средното училиште.

Круната на нивниот брак се ќерка Александра и синот Душко.

Судејќи по фотографиите кои Заеви ги споделуваат на социјалните мрежи очигледно е дека Александра ја наследила убавината од мама Зорица.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button