Нема да ја препознаете – македонската Брижит Бардо и во време на коронавирусот знае како да го зaпaли Инстаграм!

Мелита Ракичевиќ ги мами воздишките и на 48 години

Таа на социјалните мрежи објави неколку фотографии и се пофали како го помина викендот.
Поранешната водителка не ретко објавува и фотографии на кои позира во фенси костими за капење, на кои ретко кој може да остане рамнодушен.
На нив речиси секогаш во преден план е нејзиното истенчено тело, кое очигледно им се допаѓа на фановите.

Голем број од нив одвај чекаат да објави нова фотографија своите профили на социјалните мрежи, а многумина се изненадени од нејзиниот изглед.

Имено Мелита во изминативе години не само што потполно го промени својот имиџ, па сега многу почесто можеме да ја видиме во младешки тренди изданија, туку и нејзиниот физички изглед и лицето и’ се поприлично изменети од пред неколку години.

Па така наместо да изгледа постаро, таа денес изгледа дури и помладо, а тоа можеме да го видиме и од следниве фотографии.

Имено, поранешната водителка Мелита пред десетина па и повеќе години изгледала многу поинаку особено во однос на својот стил по кој денес е препознатлива во јавноста. Тоа можеме да го забележиме и од старото видео од емисијата „Пирамида“ со Игор Џамбазов кога Мелита беше најавена како македонската Брижит Бардо.
Имено, Мелита порано беше со препознатлива руса коса, но и многу поразлично изгледаше така што ретко кој би можел да погоди дека станува збор за иста жена.








