Реклама
Наши ѕвезди

Нема да ви се верува колку чини оваа чанта на Фатиме Фетаи

Реклама

И фаталната Фатиме Фетаи има интересна чанта

На социјалните мрежи деновиве повторно се вртат фотографиите на кои фаталната специјална обвинителка Фатиме Фетаи во рацете држи скапоцена чанта. Во прашање е модел од италијанската модната куќа Gucci (Queen Margaret Small Top Handle Bag Multicolor) кој на страната на брендот може да се најде за цена од 3290 долари.

Маркетинг

Овој модел на Гучи претставува микс од стари и нови детали кои се карактеристични за овој светски познат бренд. Тока во форма на пчела – „историски“ код на Гучи преземен од архивата на брендот од 70-тите, збогатена со стаклени бисери и кристали во повеќе бои. Направена е од мазна кожа со color block дизајн во три бои (светло розова, хибискус црвена и сина) и е произведена во Италија.

Маркетинг

Фатиме чантата ја носеше во комбинација со блејзер и фустан во сина нијанса, додека целото издание го зачини со темни очила за сонце, црвен кармин и елегантни високи потпетици. И тоа е ОК, но деновиве многумина си го поставија прашањето од каде и е оваа чанта на Фатиме?

Дали и таа ја добила како подарок од Боки Тредичи (како на пример мебелот на Катица поради кој таа заврши во Шутка) или пак решила сама да се почести бидејќи како вработена во СЈО не и е проблем да купи за себе убава чанта?! Ова се прашуваат многумина на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии од цената на чантата, иако според нас, би можело да биде и копија во прашање, односно фејк модел кој многу наликува на оригиналот.

Queen Margaret small top handle bag $ 3,290

Како и да е луѓето имаат право да се прашуваат (особено сега, во овие луди времиња), и покрај тоа што секогаш постои и онаа другата варијанта – копија!

„Фејк“ примероците од оваа луксузна чанта, впрочем како и од многу други можат да се најдат од 1500 па до 10.000 денари. Ние веруваме дека Фатиме сепак одлучила да се почести и кеширала за оригинал, бидејќи важи за дама која негува добар стил и која секогаш изгледа шик.

Што мислите вие?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button