Наши ѕвезди

Нема да ви се верува колку Луј Витон чанти имаше Боки 13 – со оваа колекција може да си купите и БМВ и ЛУКСУЗЕН стан!

Advertisement

Ви ја претставуваме колекцијата на чанти што ја имаше Боки во своите плакари од неговиот омилен бренд.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Во прашање е истиот оној бренд во чија фамозна чанти Јовановски, наводно, добил милион и пол евра од Орце Камчев за што беше осуден на 9 години.

Advertisement

Како што пренесуваат медиумите, полицијата од кај Боки запленила 70 вреќи со луксузна брендирана облека. Меѓу нив секако се и голем број чанти од познатиот француски бренд, со кои Боки редовно се сликаше на социјалните мрежи.

Што се однесува до цената на овие дизајнерски модели, треба да споменеме дека не се сите Луј Витон чанти дизајнирани исто – некои од нив чинат по неколку стотици долари, а некои достигнуваат и до педесет илјади евра.

На сајтот на овој познат моден бренд, ѕвездите се одвоени од супер ѕвездите како и од мега ѕвездите. Постои и посебен дел во кој се наоѓаат моделите „Capucine“, „Alma“ и „Volta“ кои се направени од егзотични материјали, како на пример ултра луксузна кожа од крокодил. Тие можат да се порачаат за „само“ неколку илјади долари, но постојат и многу модели кои чинат и преку 40.000 долари.

Advertisement
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Овие модели не се преставени на сајтот бидејќи се наменети за оние што се ултра богати, за кои и шопингот е во посебни услови. Но брендот неодамна одлучи да им посвети повеќе внимание на овие богати и луксузни колекции, кои се наменети за најбогатите клиенти.

VERTICAL SOFT TRUNK $4,450.00

И некои модели од оваа егзотична колекција чанти верувале или не чинат и повеќе од едно БМВ.

HORIZON 70 $4,100.00

Но ние денес ќе се задржиме на моделите што ги имаше во својата колекција фамозниот Боки. Имено, тој на својот профил на социјалните мрежи редовно споделуваше фотографии на кои се фалеше со своите скапоцени модели. Од мали чантички од неколку стотици долари, до големи чанти, па дури и куфери за кои треба да издвоите и по неколку илјади евра.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Во продолжение погледнете некои од нив, но и прочитате како да препознаете оригинал од фејк Луј Витон чанта.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Постојат неколку трикови со кои лесно можете да препознаете вистинска од лажна Луј Витон чанта, која важи за еден од најкопираните модни додатоци во светот.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Култниот бренд постои од 1854, а нивните популарни чанти се рачно шиени по највисоки стандарди и направени од најлуксузни можни материјали. Па доколку забележите дека чантата е лошо сошиена, или патентот заглавува, или има било каков друг дефект, дефинитивно не е оригинал.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

За жал копиите во последните неколку години се подобруваат и станува навистина тешко да се препознае вистински модел од добар фалсификат.

Еве неколку совети што можат да помогнат

Торбите направени од текстил имаат заштитен премаз и на краевите завршуваат со кожа. За да бидете сигурни, најдобро е да ја погледнете веб страната на брендот на интернет за да видите кои се видови на чанти и куфери постојат, па дали постои и моделот што сакате да го купите. Запишете го името на моделот, бојата, позицијата на логото, материјалот, додатоците и сите останати детали.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Многу копии дури и не постојат во каталогот на Луј Витон производите, а се продаваат за големи пари.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Конците се совршено сошиени. Никаде не треба да има вкрстено шиење. Пред да купите, проучете колку шевови има некоја чанта – на пример класичната „Monogram Speedy“ ма кожен ремен кој има од 5 до 7 шевови.

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Луј Витон чантите сега се изработуваат во Франција, Италија, Германија САД – никогаш во Кина и Индија. Така што и оригинална чанта може да има натпис дека на пример е направена во Шпанија, а не во Франција. Но сите тие имаат сериски број во внатрешноста кој воедно е и код кој укажува на датумот на производство.

Добро проверете ги овие кодови…

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Погледнете ги и останатите модели што ги имаше Боки…

Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски
Фото: Инстаграм/ Бојан Јовановски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button