Нема да ви се верува колку години има Верица од Белград – и во осмата деценија изгледа неверојатно во костим за капење!
Верица Ракочевиќ е позната модна дизајнерка од Србија
Таа има 72 години, но тоа не се познава на нејзиното тело, па дури и кога позира во костим за капење.
Модната креаторка позираше во едноделен костим за капење, а во преден план е нејзиното раскошно деколте.
На социјалните мрежи веднаш почнаа да ја коментираат нејзината линија заради која многу дами и се воодушевуваат.
„Боже, колку е магична оваа жена, има нешто во семе што ме воодушевува“ – беше само еден од комплиментите што ги доби Верица под фотографијата на социјалните мрежи.
Инаку Верица повеќе од шест години е во брак со композиторот Вељко Кузмановиќ кој од неа е помлад цели 35 години.
Тие се венчаа само седум дена откако се запознаа, а за модната креаторка тоа беше трет брак. Но како што самата тврди, не можела да направи подобар избор бидејќи Вељко, и покрај тоа што е толку помлад од неа, поседувал голема зрелост од сите мажи што претходно ги имала во животот…
Таа открива дека тие никогаш не биле заљубени еден во друг, туку веднаш меѓу нив се развила длабока и силна љубов, базирана на пријателство и бескрајна доверба. Како што Верица изјави во едно интервју за магазинот „Хело“, пред Вељко нејзиниот живот немал смисол и жали што потрошила многу емоции на погрешни луѓе и што „фрлала“ пари на скапоцени, а непотребни и бескорисни работи.
Инаку шармантната дизајнерка во едно интервју откри на кој начин ја подржува својата линија и во осмата деценија од животот. Таа истакнува дека изгледот на нејзиното тело не е резултат на естетската хирургија и прескапи препарати. Тајната е во тоа што таа беше 40 години вежба, со повремени паузи.
Што се однесува до јадењето таа умерено внимава на исхраната, а има денови и кога ќе се најаде џимиринки, сарми и зелка.
„Не сум од онаа отмена категорија која јаде лосос, кавијар и пие шампањско. Ако пијам, консумирам ракија од дуња или кајсија и всушност го сакам сето она од што џет-сетот се згрозува. А кога морам да се воздржувам од сето тоа, тогаш сум на овошје и зеленчук. И не сум од оние жени што велат дека не држат диета, туку и те како се мачам“, изјави своевремено за Глоси познатата дизајнерка.