Немања Стевановиќ е еден од најубавите пејачки на сцената на „Ѕвездите на Гранд“, а сега не личи на себе: Непрепознатлива фотографија кружи на интернет, фановите збунети

Кога Немања Стевановиќ се појави на јавната сцена во популарното музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, го залуде поубавиот пол, а сега речиси и го нема во медиумите.
Сепак, на социјалните мрежи редовно има објави и може да се види како живее сега.
Тој целосно му се посвети на семејството, сопругата Јелена и ќерката Маша, а ја запостави својата музичка кариера.
Немања сега има брада, вози мотор, а многумина коментираат дека многу се променил.
https://www.instagram.com/p/B_DbG0oAdbc/
– Се знаеме ли!? – напиша Немања покрај својата објава, која покрена лавина коментари.
Да потсетиме, Немања на 1 март 2014 година се ожени со Јелена Филиповиќ, непозната девојка која ја здогледал на еден од настапите.
Двојката набрзо ја доби наследничка Маша, а Јелена никогаш со своето однесување не го привлекуваше вниманието на јавноста.
– Јелена ја забележав на еден свој настап. Цела вечер се гледавме, а на крајот и се доближив. Беше малку воздржана зошто сум познат, но само се правеше, рече Немања во една прилика.

– За разлика од Јелена која има неверојатно паметење и се сеќава на апсолутно се, јас не сум толкав деталист. Сепак, никогаш нема да го заборавам моментот кога ја видов во толпа луѓе. Беше преубава и потполно поинаква, се издвои со однесувањето и убавите манири. Не и пријдов веднаш, туку неколку дена подоцна, раскажа Стевановиќ своевремено.

– Знам дека сите велат дека бракот бара компромис и одрекување, меѓутоа морам да признаа дека тоа го нема кај нас. Не си дозволуваме да паднеме во ситуација во која еден на друг ќе му правиме отстапки. За се искрено разговараме и не постои ништо и никој поради што би се препирале. Секако, и ние имаме моменти кога поради лош ден ќе кажеме нешто што не мисиме, но брзо го решаваме тоа, зошто никој не е злопамтило. Можам да се пофалам со идеален брак, рече пејачот.