Незаборавни моменти: Македонската водителка умее добро да се забавува – погледнете како изгледала пред 20 години
Македонската водителка покажа како изгледала пред 20 години.

Елена Стојановска е една од најубавите водителки на нашата ТВ сцена.
Долго време е дел од утринската програма на Сител телевизија.
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
Нежна, смирена, културна, вистинско уживање е да се гледа Елена наутро.
И покрај тоа што природата на нејзината професија подразбира рано станување, Елена може да ја видите средена од глава до пети и во 6 часот наутро.
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
Секогаш е насмеана и ведра.
Таа го негува елегантниот стил на облекување, но е и една од ретките коишто се трудат да зборуваат литературно пред камерите.
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
Приватно е сопруга и мајка и ужива во овие животни улоги.
На социјалните мрежи честопати споделува фотографии од своето семејство, кое е нејзино најголемо богатство и поддршка во сѐ што прави.
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
Овој пат таа ги изненади фановите со фотографија направена пред 20 години.
Водителката покажа дека и тоа како умее да се забавува.
Заедно со својата пријателка присуствувале на забава со пена на островот Крф во Грција во 2004 година, а според приложеното може да се заклучи дека одлично се забавувале.