Невестата што на денот на свадбата му откри на сопругот дека е бремена го изгуби бебето
Џејми Форбс од Јужна Каролина го изненади својот сопруг Чарли Форбс, семејството и пријателите кога на денот на нивната венчавка, на 1 декември 2018 година, со емотивна порака објави дека е бремена.
„Те молам прифати го овој подарок. Тоа е највредното нешто што ќе ти го дадам и се надевам дека ќе те направам среќен, како што сум и јас”, му кажа таа на Чарли откако му ја даде фотографијата од ултразвук.
Најавата, како и реакцијата на нејзиниот сопруг, беше снимена и стана вирален хит на социјалните мрежи.
„Тоа беше најголемиот шок што го доживеав во мојот живот. Позитивен шок. Мојот сон се оствари кога се оженив за неа, а следниот чекор беше да основам семејство, а тоа беше во кутијата што ми ја даде”, рече Чарли.
Двојката се состана во март минатата година преку една страница за допишување. Џејми веќе се откажа од љубов и беше загрижена дека никогаш нема да има семејство. „Бев на толку лоши состаноци, и тогаш го запознав Чарли. Беше по малку срамежлив и чуден, но вистинска кавалер и веднаш ми се допадна. Знаев дека е поинаков уште на првиот состанок кога се запознавме”, откри 33-годишната адвокатка.
Чарли ја запроси во септември и не сакаа долго време да чекаат за свадбата, бидејќи веќе и двајца се на возраст од триесет години. Непосредно пред свадбата, Џејми направи тест за бременост кој беше позитивен.
„Сакав да викам од среќа и да го разбудам, но мислев дека ќе биде посебно ако му го кажам тоа на свадбата”, вели таа.
Младата брачна двојка го прослави првиот заеднички Божиќ, и многу од подароците на семејството веќе му беа дадени на бебето, дури и го избраа и неговото име, бидејќи со анализа на крвта открија дека е девојка. „Мојата сестра Џилијан почина пред две години од рак и решивме да и ‘дадеме чест и да му го дадеме на бебето нејзиното име”, изјави Џејми.
Но во дванаесеттата недела од бременоста, Џејми почувствувала голема болка во пределот на стомакот. „На секои четири минути ќе почувствував интензивна болка која ќе исчезнеше, па ќе се вратеше повторно. Воопшто не мислев дека е во прашање е спонтан абортус”, изјави таа за „People“.
За жал, во болницата тие сфатија дека токму тоа се случило. Лекарите им рекоа дека причината е генетска грешка.
„И двајцата бевме скршени. Се чувствувам виновна затоа што направив таков спектакл, но јас само бев среќна. Ние никогаш не сме биле потажни, но и никогаш повеќе не сме се сакале. Ќе се обидеме повторно штом ќе закрепнеме. Ние се уште сакаме семејството”, заклучи Џејми.