Реклама
Фитнес

Неверојатна промена – успеа да намали 45 килограми следејќи ги овие три правила

Реклама

Ребека Графтон имаше повеќе од 111 килограми кога сфати дека конечно мора да ослаби.

Таа загуби 45 килограми за две години, но можеби не би успеала во нејзината намера да не се придржуваше до овие три важни совети за губење на килограми.

Маркетинг

Ревека Графтон од Филаделфија отсекогаш била полничка, но овој проблем стана неподнослив откако дипломирала, бидејќи се преселила во нејзиниот стан и почнала сама да готви, а килограмите само се трупале.

Маркетинг

На 13 јануари 2014 година Ребека откако се вратила од Јамајка ја започнала двегодишна битка со килограмите.

„Не сакав да ги гледам фотографиите од мојата одмор на Јамајка и не можев да се присетам колку беше забавно, бидејќи бев толку дебела на овие фотографии”, вели Ребека.

Таа тогаш знаеше дека мора нешто да преземе. Како минуваше времето, а килограмите исчезнуваа, таа забележа дека овие три правила за слабеење и помогнале најмногу.

I. Броење на калориите

„Почнав да користам апликација за следење на калориите што ги внесував во телото, но и на оние што ги трошев додека вежбав. Па така знаев колку можам да изедам во секое време”, вели Ребека. По некое време почнала да следи и колку грама протеини, јаглени хидрати и масти внесува во нејзиното тело, како што поправилно и поздраво би се хранела.

II. Одвреме-навреме ќе се почестеше

На крајот на неделата Ребека си дозволувала „излети“, односно не се слепо постојано држела до планот за исхрана, туку во главно се држела до познатото правилото 80/20. Ова значи дека 80 проценти од времето треба да јадете здрава храна, а остатокот од времето ќе се задоволите со вашите омилени јадења, десерти, пијалаци …

Еве како изгледаше нејзиното мени.

Појадок

Омлет од белковини со зеленчук, како што е спанаќ или кељ, со младо сирења и малку грчки јогурт. Кафе со шлаг.

Ручек

Пилешко на скара со салата од грав и морков.

Ужина

Леб со малку сирење.

Вечера

Лосос на скара, мал благ компир и аспарагус.

Десерт

Чоколадни протеинска плочка.

III. Вежбање

Најважната точка во трансформацијата и слабеењето на Ребека била одлуката да почне едночасовни тренинзи кои ги правела секојдневно.

Таа комбинираше разни вежби во теретана или дома, возеше велосипед, почна да трча. Дури и во недела, во зависност од тоа како се чувствувала, понекогаш трчала околу 16 километри. Со оглед на тоа што бројките на вагата се намалувале, Ребека беше се похрабра да продолжи понатаму.

„Гледајќи го моето тело како се менува, тоа беше најлудата работа за мене. Обемот на моите прсти се намалуваше. И за прв пат во мојот живот имав рамен стомак и конечно доволно самодоверба да носам бикини во јавност. Моето лице толку се промени што мојата мајка не ме препозна кога ме сретна во јавноста“, продолжува оваа девојка.

Ребека има профил на Инстаграм, каде што ги споделува своите рецепти, селфи фотографиите од теретана и секако советите за слабеење. Денес многумина во нејзината приказна пронаоѓаат инспирација и сила да тргнат по нејзиниот пат.

Благодарение на тоа Ребека денес на оваа социјална мрежа има повеќе од 154.000 следбеници.

Фото: Instagram/mygirlishwhims

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button