Неверојатна изведба: Слепо и аутистично девојче ги раплака публиката и жирито во музичко шоу – сите ги остави со подзинати усти

13-годишна слепа пијанистка во средата вечерта беше крунисана за победничка на серијата „Пијано“ на Канал 4 по нејзиниот настап во Кралската фестивалска сала.

Тринаесегодишната Луси која има аутизам, ја воодушеви публиката за време на финалето на серијата, кое дојде откако ги остави гледачите во солзи по изведбата на Шопен на железничка станица минатиот месец.
Шоуто, водено од Клаудија Винклеман, вклучува членови на јавноста кои настапуваат на железничките станици низ Англија додека судиите гледаат во тајна просторија.

Поп-ѕвездата Мика и концертниот пијанист Ланг Ланг потоа избираат по еден пијанист на крајот од секоја епизода за да настапат во финалето.
Судијата Мика ја пофали песната на Луси со и рече: „Магични работи се случуваат со музиката што им пркосат на сите ограничувања“.
Пејачката додаде: „Кога Луси настапуваше, беше воодушевувачки – тоа беше најскромното нешто што можевте да го видите“.

Мајката на Луси рече: „Тоа е искуство кое се дури сме живи нема да го заборави ниту еден од нас. Тоа беше буквално менување на животот, вакви настани обично не се случуваат во нашите животи.“
За време на нејзиното прво појавување во шоуто, клип од настапот на Луси беше објавен на Твитер од официјалниот профил на Канал 4, оставајќи ги гледачите воодушевени.

Нејзината хипнотизирачка изведба ја воодушевува публиката на станицата која гледа со вооушевувње, при што луѓето на интернет пишуваат дека видеото успеало да ги расплаче.
На почетокот на клипот, Луси е доведена до клавирот од човек кој и помага да го најде своето место, додека Винклеман зборува со мајката на Луси.

Жената открива дека Луси, која е невродивергентна, ги покрива ушите кога луѓето и аплаудираат.
Жената објаснува: „И се допаѓа аплаузот, но не и се допаѓа звукот на аплаузот. Затоа ги става прстите во уши“.
Кога Винклман прашува дали треба да и каже на толпата да не плеска, жената инсистира на тоа дека сепак на Луси ѝ е допаѓа поддршката.“

Околу клавирот на кој свири Луси се собира толпа луѓе и сите ја снимаат со телефоните.
Во меѓувреме, Мика и Ланг Ланг, кои го гледаат клипот во посебна просторија, изгледаат видно трогнати и ја гледаат изведбата со отворени усти.
Во еден момент, Мика ја држи раката до устата и изгледа како да се обидува да ги запре солзите.
Ланг вели: „Неверојатно е дека таа може да го свири ова. Како – како учи таа? Мислам, тоа е неверојатно.’
Додека Луси го завршува делот и толпата ѝ ракоплеска, се слуша Ланг како вели: „О Боже. О Боже, ова е – ова е невозможно.’

ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин