Реклама
Наши ѕвезди

На Охридското Езеро сите се возат со педалинки, но не и саканата на ЏАМБАЗОВ – нова хит фотографија на Илина Арсова

Реклама

Зад совршената фигура секогаш стои многу напор.

Најпознатата алпинистка во Македонија, Илина Арсова во последно време е сè поактивна на социјалните мрежи.

Маркетинг

Деновиве заедно со својот сакан ужива покрај Охридското Езеро и покажа како ја одржува својата форма.

Илина опремена со капа, пераи и очила за нуркање позираше на брегот, а од опрема со неа имаше и пловка па објасни зошто е тоа така.

Фото: Инстаграм/ Илина Арсова

„До Пештани на кафе:) 4 км. И за да ме гледаат бродовите што наместо на 300 пловат на само 50 м од брег, си имам пловка“ напиша Илина.

Се надеваме дека оваа порака на Илина ќе стаса до оние за кои беше наменета со цел да се избегне нес-реќа.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова

И додека Џамбазов најмногу визуелно ужива во убавините на природата, Илина верна на своите спортски навики и начинот на здрав живот, не ги пропушта своите физички активности.

Илина е секогаш физички активна, а често од нејзините активности видеа постира и Игор Џамбазов кој гордо покажува што неговата Илина може да направи.

Фото: Инстаграм/ Илина Арсова

Од уметнички слики до искачување планини и кревање на вратило, Илина има талент за сè, а нејзиниот сакан, Игор Џамбазов, не крие дека е горд на неа.

Инаку Илина е првата жена од Македонија која успеа да се искачи на Монт Еверест, но и да искачи 7 врвови на 7 континенти.

Фото: Инстаграм/ Илина Арсова

Во едно интервју за „Гламур“ таа раскажа дека требало многу подготовки за да го постигне ова.

„Тоа е процес кој настапува многу постапно. За да ги искачам овие 7 врвови, требаше да искачам уште други 27 екстремно високи планини, помалку популарни во јавноста. Во 2010 го искачив врвот Аконкагва, потоа веднаш помислив на Аласка како поголем предизвик, или Килиманџаро како нова авантура. Еверест секако веќе ми беше во срцето како и во агендата за следните години“ изјави таа и додаде:

„Еверест беше можеби клучен во 2013, а со неговото искачување се најдов некако на „пола пат“ во мисијата за 7 врвови на 7 континенти, која конечно ја завршив во 2019 год. Времетраењето на мисијата освен од физичката, зависеше и од финансиската спремност, а за последните две експедиции добив целосна поддршка од Агенцијата за Млади и спорт“ рече Илина.

Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова

Таа има завршено за туристички водич и тоа го работи веќе долги години.

Илина вели дека нејзиното животно мото е да се радувате на туѓиот успех како да е ваш!

Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова

„Само така може да пораснете како личност, да напредувате професионално, интелектуално и духовно.

… Во спротивно влегувате во стадото што „знае се“! Тоа, за жал не ви остава простор за нови знаења. Води кон сопствена нереализација, таа пак води кон фрустрации, за кои постојано некој треба да ви е крив … и така натаму во затворен круг кој не води никаде. Само тажни фаци и говор на омраза“ рече Илина.

Најдете го она што мами насмевка на вашето лице!

Фото: Инстаграм/ Илина Арсова
Фото: Инстаграм/ Илина Арсова

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button