На оваа дама сигурно нема да и дадете 61 години кога ќе видите како и стојат малите црни бикини
Мелани Грифит покажа беспрекорно тело и во седмата деценија
Познатата американска актерка Мелани Грифит на холивудските црвени килими е присутна веќе со децении, а најновите фотографии докажуваат дека и денес, во седмата деценија има беспрекорно тело.
На островот Форментера, недалеку од Ибица, познатата актерка уживаше во морските радости и убавите песочни плажи.
Обожавателите се воодушевени од тоа како изгледа познатата 61 годишна дама во црни бикини, а на нејзината форма дефинитивно можат да и завидуваат многу помлади колешки од неа.
Меланија на море ужива во друштво на своите пријатели на голема луксузна јахта со која крстарат по Медитеранот.
Таа беше толку многу вљубена во својот поранешен сопруг, шпанскиот актер Анотнио Бандерас, што неговото име го тетовираше на раката, а откако се разделија парот изјави дека секогаш ќе се сакаат и почитуваат.
Тие беа во брак 20 години и имаат ќерка Стела.
Парот беше познат како еден од најстабилните, но на крајот на нивната љубов им дојде крајот.