Реклама
Наши ѕвезди

На Марина Туцаковиќ не и е добро – сака да напише песна за Цеца, но поради болеста нема доволно сила да го направи тоа

Реклама

Продолжува борбата со тешката болест

Марина Туцаковиќ се уште ја води битката со карциномот и покрај тоа што медиумите порано известија дека се чувствува подобро. Таа самата изјави дека добро реагирала на новиот циклус на терапија, но дека нејзината состојба не е баш најсјајна и дека се менува од ден на ден.

Маркетинг

Моментално сум добро, во однос на тоа како бев пред некое време, сега сигурно сум многу подобро. Покрај моменталната терапија која што ми е одредена и која што редовно ја примам, речиси секој ден одам на инфузии. Земам одредени комбинации на витамини кои многу ми помагаат побрзо да закрепнам и да ја повратам силата, изјави Марина и објасни зошто се чувствува лошо.

„Витамините се добри за секој, не само за мене, но мене најмногу ми одговара инфузија, бидејќи имам лоша крвна слика и п хемотерапијата и терапијата што ги примив. Затоа ми е лошо, малаксана сум, имам вртоглавици, понекогаш и мачнина. Тешко е, но не сум некој што губи волја и се надевам дека ќе оди на подобро. Верувам дека во иднина не очекуваат многу убави заеднички проекти и песни“, изјави Туцаковиќ, а пренесе естрадниот портал „Свет“.

Маркетинг

Што се однесува до соработката со нејзината пријателка Цеца Ражнатовиќ, таа вели дека со месеци се обдува да направи нешто за неа, но не може да пронајде идеја. Таа вели дека би сакала до крајот на годината да направат барем една песна, а што се однесува до гласините дека реперот Раста и прави некои песни, марина вели дека тоа не ја интересира и не се сомнева воопшто дека Цеца секогаш знае да ги избере вистинските работи и вистинските луѓе.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button