Вирално

На заразениот доктор од Вухан му поцрни кожата – го победи коронавирусот, погледнете како изгледа сега (фото)

Advertisement

Кинескиот лекар, чија кожа одеднаш се затемни откако се разболе од вирусот корона, ја победи болеста и постепено ја врати својата природна боја, што е потврдено и со фотографијата која беше објавена неодамна.

Advertisement

Д-р Ји Фан, кој се зарази на работа во јануари, беше отпуштен од болницата во Вухан минатата недела. Според претставникот на болницата, неговата кожа потемнела од антибиотиците што ги земал за време на третманот.

Д-р Ху Вајфенг, чија кожа исто така се потемнела, сè уште е во болница.

Д-р Jи и д-р Ху (42), и двајцата се заразиле додека лекувале пациенти во Централната болница во Вухан пред околу еден месец.

Advertisement

Д-р Дуан Јун, заменик директор на Одделот за интензивна нега на Болницата на Кинеско-јапонското пријателство, чиј експерт беше дел од тимот што ги лекуваше двајцата лекари, рече дека д-р Ји и Д-р Ху биле третирани со антибиотик полимиксин Б, кој предизвикал хиперпигментација, но дека таа полека ќе се повлекува додека закрепнуваат.

Лекарите претходно сметаа дека абнормалната боја на кожата е предизвикана од хормонално нарушување, откако вирусот го оштети црниот дроб на пациентите.

Двајцата пациенти прво биле сместени на Клиниката за пулмологија во Вухан, а потоа биле пренесени во делот на болницата Тонџи во округот Вухан во областа Џонгфа Ксинхен, јавува кинескиот јавен сервис

Кардиологот д-р Ји започна да закрепнува благодарение на уредот за одржување на живот ЕКМО, на кој беше поврзан 39 дена.

Д-р Ји и Д-р Ху се колеги на починатиот кинески доктор Ли Венлианг кој го алармираше светот, а кој беше предупреден од полицијата затоа што јавно зборуваше за опасен вирус, од кој и самиот го изгуби животот на 7 февруари.

Извор: Блиц.рс

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button