На Доналд Трамп состојбата му се влошила, се огласи Меланија – КОРОНАВИРУСОТ направи хаoc и во Белата куќа
Доналд и Меланија Трамп се позитивни на корона вирусот.
Откако целито свет дозна дека претседателот на Америка, Доналд Трамп, и неговата сопруга Меланија Трамп, се позитивни на вирусот корона се огласи и првата дама и порача дека се чувствува добро.
„Ви благодарам на сите за љубовта што ни ја испраќате. Имам благи симптоми и се чувствувам добро. Се надевам на брзо закрепнување“, напиша првата дама на својот налог на социјалната мрежа Твитер.
Да потсетиме, претходно и докторот на Трамп, др. Конли се огласи и преку социјалните мрежи ги соопшти овие вести:
Вечерва добив информации дека претседателот Трамп и првата дама Меланија Трамп се позитивни на вирусот САРС – КоВ-2. Тие во овој момент се добро и планираат да останат во Белата куќа за време на закрепнувањето. Лекарскиот тим детално ја следи ситуацијата. Ја ценам поддршката што ни ја пружаат некои од најдобрите здравствени работници во институциите на оваа земја. Очекувам претседателот да продолжи да ги обавува своите должности за време на закрепнувањето, а јас ќе ве известувам за сите идни настани“, порача тој преку својот налог на социјалните мрежи.
Потоа се огласи и Меланија, која напиша и како се чувствува:
„Како и голем број Американци оваа година, Доналд Трамп и јас сме во домашен карантин откако тестовите покажаа дека сме позитивни на ковид-19. Се чувствуваме добро, но ги одложивме претстојните обврски. Ве молам да се чувате, ова сите заедно ќе го пребродиме“, порача првата дама.
As too many Americans have done this year, @potus & I are quarantining at home after testing positive for COVID-19. We are feeling good & I have postponed all upcoming engagements. Please be sure you are staying safe & we will all get through this together.
— Melania Trump (@FLOTUS) October 2, 2020
Слична порака сподели и претседателот:
„Вечерва јас и првата дама бевме тестирани на ковид-19 и сме позитивни. Веднаш ќе започне процесот за карантин и закрепнување. Ќе го пребродиме тоа заедно“, напиша кратко Доналд Трамп на Твитер.
Испратен хеликоптер по Трамп
Откако се појавија вести дека тие се заразени со вирусот, медиумската куќа „Си-Ен-Ен“ објави и дека на претседателот Доналд Трамп состојбата му се влошила па бил префрлен со хеликоптер во болница.
Хеликоптерот „Марин Уан“ слетал во тревникот пред Белата куќа за да го префрли претседателот во медицинскиот центар „Волтер Рид“.
Веста дека Трамп е префрлен во болница и дека заедно со својата сопруга Меланија е заразен со вирусот привлече големо внимание во целито свет.
Заради превенција и според советите од медицинските експерти, Трамп мораше да биде сместен во болницата „Волтер Рид“, а според информациите од сервисот на „Си-Ен-Ен“ првиот човек на Америка со часови имал температура. Според наводите на светските медиуми, докторите покрај aнтиби*тиците на американскиот претседател му препишале и peм дecивир, л*кот што моментално се користи за третирање на корона вирусот.
„Тато, ти си борец“
Трамп се огласи преку Твитер и истакна дека се чувствува добро и им се заблагодари на сите што му пружаат поддршка.
„Сега за сега е добро, барем мислам дека е така! Ви благодарам на сите. Љубов!!!“ напиша првиот човек на најмоќната земја на светот. Но сега се поставува прашањето што ќе се случи бидејќи во Америка за само месец дена треба да се одржа претседателски избори.
Според Си-Ен-Ен, веста дека Трамп е позитивен на корона претставува политичка катастрофа, посебно затоа што според оценките на некои аналитичари заостанува во претседателската трка зад противкандидатот Џо Бајден.
Портпаролот на Белата куќа Кејли Мекнени изјави дека претседателот е добро расположен, дека има благи симптоми и дека цел ден работел.
Ќерката на Трамп, Иванка Трамп, се огласи со порака за поддршка на својот татко откако беше однесен во болница.
„Ти си борец, ќе го победиш ова. Те сакам тато“, порача Иванка на Твитер.
Најголемите светски новински агенции пренесуваат и дека меѓу првите што му посакаа да оздрави што побрзо е и претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун.
Претседателот на Северна Кореја искрено се надева дека Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија Трамп ќе оздрават што е можно побрзо и им испраќа поздрав, пренесе корејската новинска агенција КЦНА.
Ким и Трамп своевремено разменија навреди и закани откако Северна Кореја во 2017 година спроведе голем број тестирања на оружјето што има за цел да се стекнат со способност за нуклеарен напад на САД
Но севернокорејскиот и американскиот лидер престанаа со таквата реторика откако Ким стапи во контакт со Трамп во 2018 година заради разговор за иднината на нивниот напреден нуклеарен арсенал. Потоа двајцата лидери се состанаа три пати, но нивните средби не напредуваа според очекувањата, посебно откако нивниот втор состанок во Виетнам заврши без потпишување на договор по спорот околу санкциите што САД ги воведе за Северна Кореја.
Што ќе се случува со кампањата?
Сите планирани настани од кампањата на Доналд Трамп се селат онлајн или привремено се одлагаат.
До крајот на претседателската кампања останаа уште триесет дена, а сите најавени настани во кои се вклучени членовите на семејството на првиот човек на Америка, Доналд Трамп, привремено се одлагаат, пренесуваат светските медиуми.
Тестот на потпретседателот на САД, Мајк Пенс, беше негативен, па тој ќе продолжи да ја води кампањата за изборите кои треба да се одржат на 3 ноември. Од друга страна демократскиот кандидат Џо Бајден продолжува со својата кампања откако тестовите покажаа дека нема корона.
Бајден, кој во вторникот вечерта ги одмери силите со Трамп во бурната телевизиска дебата, и неговата сопруга Џил се негативни на корона.
Тој им се заблагодари преку Твитер на сите и ги потсети да носат маски, да држат дистанца и да ги мијат рацете.