На Гранде Пандев сопругата и децата секогаш му се на прво место, а не милионите – скромен човек со големо победничко срце!
Утре македонската репрезентација ќе го игра вториот натпревар на ЕП против Украина, а Пандев покажа кој му е најголема поддршка.
Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев или како што многумина го нарекуваат „Гранде Пандев‘ на Инстаграм покажа дека децата му се најголема поддршка.
Пред натпреварот во Букурешт тој објави фотографија со Ана И Филипо кои го прегрнуваат и напиша „Мојата најголема поддршка“.
Пандев освен одличен фудбалер, важи и за посветен сопруг и татко. Македонија со победата над Грузија се пласираше за прв пат на Европското првенство, и тоа најмногу благодарение на Горан Пандев.
Тогаш победивме со 1-0 а сега, на првата утакмица со Австрија, првото полувреме го завршивме 1-1 и повторно благодарение на Пандев, но после 75-та минута примивме уште два гола, по што Македонија претрпе пораз.
Сепак тоа не ги спречи македонските репрезентативци да продолжат да тренираат, а ниту пак фановите да навиваат и да се надеваат на победа со Украина и Холандија.
Капитенот призна дека е пресреќен што Македонија успеа да се пласира на ЕП2020, но и тогаш тој говореше дека тие му се инспирација.
„Успехот го посветувам на мојата фамилија, тие се мојата инспирација и помош. Кога ме испратија од Италија, жената и децата ми порачаа: Тато без Европско првенство да не се враќаш. Среќни се сите, а јас сум најсреќен. Уште не верувам дека го остваривме сонот, ама за некој ден ќе разбереме што сме направиле“.
Кога го дадов голот погледнав кон небото и помислив дека вербата во Бог ќе те награди. Знаеме дека долги години се мачевме во фудбалот, ама сега треба сите заедно да се радуваме бидејќи тоа го заслужуваме“, изјави Пандев.
Инаку Горан и Надица се родители на три деца, Филипо, Ана и малата Софија.