Холивуд

Најтажните моменти во животот на Хурем – камшикувана, оставена од саканиот во најтешкиот момент и обид за самоубиство!

Advertisement

Мерјем Узерли поминала низ многу искушенија во животот

Advertisement

Познатата турска актерка Мерјем Узерли се прослави со улогата во популарната серија „Сулејман Величествениот“. Таа ја глушеше султанката Хурем, улога која ја однесе меѓу ѕвездите, а нејзините проблеми започнаа откако почна да се гледа со 17 години постариот бизнисмен Кан Атес.

Таа мислеше дека тој е вистинскиот за неа, а откако остана бремена, тој ја остави по што следуваше психички крах за Хурем. Таа го напушти снимањето на серијата и се врати во Берлин каде што ја роди својата ќерка Лара. Покрај љубовните проблеми таа помина и низ голем број предизвици во последно време и затоа се уште е психички лабилна, а единствена утеха денес и е токму нејзината ќерка.

https://www.instagram.com/p/Bo6MySdB4fM/?taken-by=meryemuzerlimeryem

Advertisement

Оваа 36 годишна актерка кога имала само 19 години била камшикувана бидејќи се прошетала полугола низ Дубаи, во кој таквиот чин бил забранет.

Медиумите и јавноста ги шокираше со нејзиното отворено признавање дека сакала да се самоубие:

https://www.instagram.com/p/Bo_hWWxBxHS/?utm_source=ig_embed

 

„Во Анталија добив награда за глума, и истата вечер сакав да се убијам. Заминав во хотелската соба и ја фрлив статуата и ја скршив, а потоа потполно луда ги исеков рацете, крвта беше насекаде. Сакав да се фрлам од балконот бидејќи во тој момент во тоа гледав излез. Сакав да ме снема, да исчезнам, да бдиам мртва. Во смртта видов спас. Психички тогаш бев во многу лоша состојба.“ изјави тогаш убавата Хурем.

https://www.instagram.com/p/BoXDP5RBAnK/?taken-by=meryemuzerlimeryem

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button