Реклама
LIFESTYLEВирално

Има 106 години и свири на тапани, ова е нејзината тајна за долговечноста

Реклама

Легендарната американска тапанарка Виола Смит ја откри тајната на среќниот, долг и здрав живот.

Таа има 106 години, а до неодамна свиреше тапани во групата “Cosa Mea” наречена “Forever Young Band: America’s Oldest Act of Professional Entertainers”. Виола Смит е родена на 29-ти ноември 1912 година во Маунт Калвари и била едно од 10-те деца. Цело нејзино семејство свирело клавир, а во 1920 година нејзиниот татко оформил оркестар во кој свиреле Виола и нејзините шест сестри.

Виола за прв пат беше забележана кога сестрите настапија на мајор Боус, радио верзија на Got Talent на Америка. Во 1938 година таа и нејзината сестра, саксофонистка Милдред, лансираа женски оркестар наречен Кокети, кој настапи до 1942 година, кога Милдред се омажила.

Маркетинг

Кога во 1949 година свирела на инаугурацијата на претседателот Хари Труман, Виола основала сопствен бенд под името “Viola and Her Seventeen Drums”, во тие години соработувала и со некои од најпознатите музичари, а за неа пишувале и многу весници.

На прашањето која е тајната на нејзината долговечност, Виола објаснила дека тоа е секојдневна вежба која вклучува енергично свирење на тапани, но и уште еден мал трик кој, како што вели таа, ѝ помогнал да остане во форма.“Пијам, но умерено. Пиевме уште како деца, нашиот татко секогаш за вечера нѝ носеше вино”, вели Смит.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button