Реклама
Наши ѕвезди

Најсреќниот ден во животот на Ѓоко и Ивана Јовиќ – им пристигнуваат честитки од сите страни (фото)

Голема прослава во домот на познатиот пејач

Реклама

Познатиот пејач Ѓоко Јовиќ заедно со сопругата организираа роденденска прослава за нивниот најмалиот син Дарин.

За најмладиот член во семејството гордите родители подготвија специјално изненадување – преубава и превкусна торта и колачиња со неговите омилени ликови од цртаните филмови.

Малиот беше воодушевен од подароците што го доби, но и од тортата, а ништо помалку фасцинирани не беа и гостите.

Маркетинг

Фото: Инстаграм

Пејачот на својот профил објави неколку фотографии на кои е со својот наследник, а под нив напиша:

Маркетинг

„Среќен роденден на моето најслатко бебе Дарин. Те сака тато“, напиша Ѓоко и го разнежни своите бројни фанови.

Фото: Инстаграм

Потсетуваме, Ѓоко и неговата понежна половина Ивана во октомври 2021 година го добија нивното четврто дете.

Фото: Инстаграм

Покрај Дарин, тие ги имаат и синовите Михаил и Јоан како и ќерката Теодора која е нивно прво дете.

Фото: Инстаграм

Пејачот важи за посветен татко и сопруг, но и човек кој не крие од јавноста дека за него семејството е најголемо богатство.

Фото: Инстаграм

На социјалните мрежи Ѓоко не ретко знае да сподели фотографии од своето многудетно семејство, а не пропушта можност и да ја изрази својата љубов кон сопругата која му го подари ова богатство и го направи најсреќниот човек на светот.

Фото: Инстаграм

Тие важат за еден од најскладните парови меѓу познатите личности кај нас, а како изгледа еден мал, но топол дел од атмосферата во нивното семејство погледнете од фотографиите во продолжение…

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button