Таа одлично ја одглуми симпатичната дадилка во истоимената телевизиска серија, од која речиси поминаа 20 години, но времето како да стои за Фран Дрешер.
Познатата актерка која наполни 62 години оваа година, се појави на Pre-Oscar забавата во Лос Анџелес, во едноставен, мал црн фустан во А-форма, која беше доволен сите погледи да бидат свретни кој неа.
Иако сме навикнати да ja гледаме во шарени и впечатливи изданија со многу модни додатоци, докажа дека може да го привлече вниманието на сите присутни на забавта во елегантно, минималистичко издание, надополнето со пристоен сребрен ѓердан и нараквица.
Црната боја која преовладува ја разби со црвениот кармин на нејзините усни и лак во иста боја. Таа ја префрлаше препознатливата бујна коса од едната страна на друга за време на фотографирањето, конечниот резултат за овој стајлинг е чиста петка.