Најпознатата Македонка во Австралија конечно оди во затвор – со тригодишната ќерка возела Мерцедес со 230 км на час
Македонката која што е позната Инстаграм ѕвезда во земјата на кенгурите ќе заврши во затвор.
Таа со својот Мерцедес и бегаше на сообраќајната полиција, па затоа сега е осудена на 18 месеци.
Во ноември минатата година 28-годишната Маргарита Томовска која на социјалните мрежи е позната како Мерцедес мама се возеше со својот луксузен Мерцедес Е 63 С со неколку пати поголема брзина од дозволеното и притоа не сакаше да застане и им избега на сообраќајците.
Според обвинението таа на моменти возела и преку 230 километри на час, а полицајаците останал во шок кога виделе дека во автомобилот не е сама – со неа било и нејзиното тригодишно дете и тоа не врзано!
Според адвокатите на обвинетата, Томовска била присилена да вози неодговорно, а на тоа ја присилил момчето што седело на совозачкото седиште.
Во прашање е лицето Кристофер Кинг кој е толку силен што полицајците морале да му стават две лисици на рацете.
Но судијата немаше милост и ја осуди на 18 месеци затвор.
Инаку, Маргарита Томовска важи за една од најпознатите старлети во Австралија.
Таа таму е позната под името Мерцедес мама, а позната е и по нејзините прескапи модни комбинации.
Па така австралиските медиуми не ретко објавуваа дека дури и на судските рочишта доаѓа во облека вредна и по неколку илјади австралиски долари.
Таа заврши пред австралискиот суд поради обвинение дека возела со 200 километри на час со својот Мерцедес од 150.000 долари и тоа на дел од патот каде што максималната дозволена брзина е 45 километри, и со нејзината ќеркичка која седела на задното седиште без појас.
По ова Томовска реши да отвори својот профил на „GoFundMe“ и да бара донација од 100.000 долари бидејќи не може да најде работа. Оваа информација ја пренесе и светски познатиот портал „Daily Star“ додавајќи дека Мерцедес мама на суд дошла во очила од Гучи и Кристијан Лобутин чевли.
Таа глумеше жртва и на социјалните мрежи беше критикувана поради тоа. Еден корисник на социјалните мрежи во коментарите и порача дека сега може да ја носи својата нова дизајнерска облека во затвор.
И нејзиниот демант дека овој профил не го отворила таа и дека станувало збор за шега не ја поправи ситуацијата.
Инаку, Маргарита е мошне популарна на социјалните мрежи, а само на Инстаграм има преку 70 илјади фанови од цел свет.
Таа на својот профил редовно споделува фотографии од „луди“ автомобили, но и од гламурозни изданија.