„Најмногу ве мразат оние кои ви должат“
Познатиот српски поет, писател, новинар и афористичар, Душан Душко Радовиќ споделил многу интересни мудрости за среќата, знаењето, децата..
„Подобро живеат оние кои не се во право.“
„Што е бесплатно? Само она што е најголемо, најубаво и најважно.“
„Будни се оние што сакаат. Оние што се сакани, уште спијат.“
„Дали луѓето можат да бидат подобри? Би можеле, но нема кој прв да почне.“
„Вчера некој нашол нешто што не барал. Тоа што го барал го нашол некој друг.“
„За живот е потребно малку. За несреќен живот, се бара повеќе.“
„Велите дека животот ве измачува, но ние сметаме дека вие го мачите, го тормозите и го понижувате животот.“
„Тепајте ги вашите деца штом забележите дека почнале да наликуваат на вас.“
„Не ги воспитувајте децата ако не умеете да го направите тоа. Подобро е да бидат невоспитани отколку лошо воспитани.“
„Само децата кои не слушаат, можат да станат подобри од нивните родители.“
„Едно предупредување за родителите: ако ги тепате вашите деца, имајте на ум дека тие ќе ги тепаат вашите внуци.“
„За мене вистински деца се оние кои сè уште не одат во училиште, оние кои туку што почнуваат да учат, мислат и зборуваат. Тие се единствените кои во целост ја имаат зачувано оригиналноста и во мислењето и во изразувањето.“
„Децата се навистина непогрешливи во нивните формулации. Тоа ми е некаков идеал! Кога само и јас би го можел тоа…“