Вирално

Најмладиот бурекџија во регионот е пример за секое дете

Advertisement

Новак Стојановиќ од Ниш има само девет години и неверојатна страст за она што му е хоби. Овој мал бурекџија започна на шест години, потполно сам да направи бурек. Во семејниот млин и пекарница, тој е четврта генерација, и иако многу млад, без да погреши го знае рецептот за најдобра пита …

Advertisement

Рацете на деветгодишниот Новак секој ден до лактите се во брашно и масти. Прстите на малиот бурекџија го развлекуваат тестото со голема љубов и сон дека со овој бизнис ќе се занимава и во иднина, и ќе ја продолжи традицијата, како четвртата генерација на семејството Стевановиќ од Ниш.

Ова момче има доволно време за домашните задачи, за игра со пријателите, а своето слободно време со задоволство го минува во пекарницата правејќи бурек.

Откако ќе се врати од училиште секогаш најпрво ја завршува својата домашна работа, па право во пекарницата два или три часа да се занимава со неговото највозбудливо хоби. Почнал кога имал само 5 години, а од шестата година веќе потполно сам прави вистински бурек.

Advertisement

Новак вели дека бурекот едноставно се прави, треба само добро да се фрлаат корите и така излегува бурек.

Малиот Новак расте со пекарите, се дружи со нив, и додека тој ги гледаше како работат, учел да развие и да фрла кора за бурек. Тој вели дека негов фаворит е бурекот со месо, и дека сака да ги комбинира филовите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button