Реклама
Наши ѕвезди

Најзгодниот македонски фитнес инструктор Марио Јовановски клекна пред оваа девојка…

Запросување како од соништата

Реклама

Кршачот на многу женски срца, згодниот фитнес инструктор Марио Јовановски, ја најде својата избраничка и се одлучи да клекне на колена и да го побара судбоносното „ДА“ од својата сакана Софија Манчева.

На патување во Рим оваа преубава двојка си ветија вечна љубов пред себе, а наскоро очекуваме и венчавка.

Марио ова го планирал веќе подолго време, сакал да биде перфектно, но интимно. Откако го доби одговорот, му олесна, па сподели со пријателите како се подготвувал за овој тежок момент.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Марио Јовановски

„Уште пред да идеме за Рим, сакав да смислам нешто како да го овековечиме моментов. Па така, почна потрагата по фотограф во Рим! После денови потрага, најдов она што ми треба. Доказ плус дека социјалниве мрежи толку го ‘смалуваат’ светот – буквално секоја потреба ти е на дофат со 2 реченици пишани! Се мислев што, кога, како да направам…во консултација со фотографот кој живее таму. Во старт беа шкртнати местата кај што има куп луѓе, како што е ‘Fontana Di Trevi, Colosseum“. Некако, ова секогаш сум го замислувал како интимен момент, со не многу или воопшто луѓе околу. That’s just me.

Фото: Инстаграм/ Марио Јовановски

И така по предлог на фотографот, ја најдовме скришнава локација!“

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Марио Јовановски
Фото: Инстаграм/ Марио Јовановски

Потоа Марио раскажува дека тој и фотографот биле договорени на следново сценарио:

„Бевме договорени со фотографот, демек он си е рандом таму си слика, да му побарам двајцата да не слика со телефон. Сликна што сликна, бевме договорени следно да понуди да не слика со негов апарат и сликите да ни ги прати на инста. Многу чил, хехе муабет. Двајцата, па после Софија сама. Тука си призна – “Сфатив дека уствари цел ден филм си правам, дека ништо нема од тоа што се сомневам”. 😂Image. Софија си се израдува дека ќе ја сликаат, ја свртеа да гледа накај Рим, јас скришум за секунда вадење прстенот од торбата кај што ми стои апаратот, and the rest is history… “ напиша марио на својот Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Марио Јовановски

Фото: Инстаграм/ Марио Јовановски

Фото: Инстаграм/ Марио Јовановски

Фото: Инстаграм/ Марио Јовановски

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button