Вирално

Најдебелиот човек во светот остана без својата титула откако изгуби 300 килограми

Advertisement

Мексиканецот Хуан Педро Франко не можеше да стане од креветот цели десет години. Тој имаше 590 килограми, а потоа одлучи да се подложи на оперативен зафат за да го спаси својот живот. Сепак, лекарите му поставија услов: најпрво мораше сам да изгуби одреден број килограми.

Advertisement

Кога бројката на вагата покажа 300 килограми, беше подложен на таканаречената „sleeve“ гастректомија и му е беше вграден гастричен бајпас. Тој успеа да го намали количеството на лекови што ги пиеше за дијабетес и хипертензија, стои во медицинскиот извештај.

32-годишниот Хуан сега може да го направи она што сака, иако пред него има уште долг пат бидејќи мора да изгуби уште 150 килограми.

Advertisement

Во Гинисовата книга на рекорди беше се запишал како најдебелиот човек на светот. Тој тврди дека се дебелел најмалку десет килограми годишно, бидејќи немал доволно пари за да води здрав живот.

„Кога имав само шест години имав скоро 60 килограми, а причината е болеста со која сум роден”, вели тој.

Откако од страна на Гинис беше прогласен за најдебелиот човек на светот, не сакаше да биде во центарот на вниманието, но одлучи да ја искористи оваа можност за надминување на прекумерната тежина.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button